Најновите студии во стоматолошката литература потврдиле дека стоматолозите се предмет на различен стрес поврзан со физички и емоционални проблеми. Сето тоа придонесува алармантно висока инциденца на кардиоваскуларни болести, чиреви, колитис, хипертензија, проблеми со долниот дел од грбот, замор на очите, брачна дисхармонија, ментална депресија и самоубиство.
Статистика
- Стапката на самоубиство на стоматолозите е повеќе од два пати од стапката на сите останати професии заедно, а речиси три пати повисока од онаа на општата популација.
- Емоционалната болест се рангира на трето место во редот на фрекфренцијата на здравствени проблеми кај стоматолозите, а во општата популација е рангирана на десетто место.
- Коронарната болест и високиот крвен притисок се над 25% повеќе распространети меѓу стоматолозите отколку во општата популација.
- На прво место како убиец на стоматолозите е стресот поврзан со кардиоваскуларните болести.
Причини за стрес
- Затворен простор
Стоматологот, просечно поголем дел од својот живот го поминува во ограничена просторија со мали прозорци или без прозорци, а неговата работа е сложена и прецизна да се врши во една таква атмосфера. Процедурите со кои се бави се и физички и психички, и како резултат на тоа е нарушување на здравјето и заморот кои се заеднички.
- Изолација
Повеќето стоматолози работат сами. За сметка на тоа тие немаат можност да ги споделат или решат своите проблеми со колегите на начин на кој другите професионални групи тоа го практикуваат. Проблемот на изолираноста е и дополнителен факт дека стоматолозите имаат тенденција да бидат конкуренти еден со друг. Тоа е последица на интензивната конкуренција создадена од вишокот на стоматолози.
- Стрес на совршенство
Немилосрдните извршувања на совршенство и постојаноста во непријатната орална средина е главна причина за стрес и фрустрација на стоматолозите. Стресот за совршенство е вграден уште при самите студии. А сепак тоа го приденосува и реалноста дека и најсовршената реставрација на крајот ќе биде изречена како несовршена со текот на времето и занемарувањето од страна на пациентот, и покрај напорите на стоматологот.
- Економски притисок
Од самиот почеток од својата кариера стоматологот се исплатува со огромни заеми за покривање на трошоците за сопствените студии и – или создавање на своја приватна ординација. Овие две фигури лесно можат да надминат енормни цифри. Економскиот притисок наведува многу стоматолози да не прават пауза во текот на еден работен ден, така што тие го прескокнуваат ручекот со цел да би задржале пациент или два повеќе. А тоа неизбежно остава на стоматологот умор и исцрпеност до крајот на денот. Друг резултат на економскиот притисок е дека стоматолозите често мислат дека тие не смеат да си дозволат да бидат болни или да имаат повеќекратен одмор. Кога стоматологот е отсутен од својата ординација, приходот целосно запира, а индиректно високите трошоци продолжуваат да растат незапирливо.
- Компромитираност на сопствената професија
Стоматологот троши најмалку пет години за совршен и идеален третман на идните пациенти. Сепак, реалноста на приватната пракса е дека многу пациенти, поради финансиски ограничувања, ниска благодарност на стоматолошката служба, нема да прифати идеален третман за себе. Резултира сето тоа на начин на кој стоматологот е постојано принуден да прави компромис третман и е фрустриран заради неможноста на реализација на сопствените идеални цели на самиот третман. Тоа доведува до до емотивен стрес, заради препишаната одговорност од страна на пациентот поради нереалните очекувања.
- Личноста на стоматологот
Истражувањата откриле дека многу особини на личноста кои го карактеризираат добриот стоматолог, исто така карактеристики кои предиспонираат кон депресија во средината на животот, алкохол и ризик од самоубиство се поврзани меѓу себе. Меѓу таквите карактеристики се:
– компулсивно внимание на детали;
– екстремна совесност;
– внимателна контрола на емоции;
– нереални очекувања од себе;
– значителна зависност од индивидуалните перформанси и престиж.
Стресот во стоматологијата може да биде фатален. Затоа сами подобрете ја својата работна средина, вашите колеги не гледајте ги како ваши конкуренти, имајте во текот на работниот ден пауза, не работете за време на празници, научете да се справувате со нереалните желби на пациентите, имајте свој социален живот!
Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>
-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-