Примена на ласер во стоматологијата

0

Од 1960год. кога Мејмен официјално го претставил првиот ласер, до денес развиени се стотина различни типови ласерски системи за примена во индустријата и стоматологијата. Штерн и Сонјес, први, во 1964год., се обиделе да употребат црвени ласер за отстранување на кариес. Хронолошки секој научник користел и теоретски и практично ласери со повисок технолошки квалитет.


Примената на ласери во стоматологијата овозможува минимално инвазивни процедури кои се далеку помалку агресивни во споредба со конвенционалните стоматолошки процедури. Ласерите во стоматологијата денес успешно се користат за обработка на пародонтални џепови, суперфицијална коагулација на афтозни и хипертрофични улцерации, френектомија, гингивектомија, ексцизија, дренажа, отстранување фиброми, биопсија, избелување на забите и многу други интервенции. Повеќедецениската употреба на ласери овозможила не само профилактично отстранување на кариес, препарација на кавитет, туку и третирање на коскените ткива.


Една од главните предности на ласерот е нивната способност за селективно и прецизно санирање на заболените меки и тврди орални ткива. Ласерот има низа предности кај пацинтите, затоа што е секако безболна интервенцијата, без примена на локална инјекциона анестезија и здрвеност на меките ткива подолг временски период, а истовремено и недостига непријатниот звук и вибрации кои ги создаваат класичните ротациони инструменти. Препарациите можат безболно да се прават и на млечни и на стални заби. Примената на ласери во медицината и стоматологијата, особено во хирушките дисциплини, веќе долго е рутинска пракса. Но за жал, јавното мислење се уште има перцепција дека употребата на ласер во стоматологијата или е семоќна и безболна или тоа е само пропаганда како би се зголемила цента на веќе скапите стоматолошки и медицински услуги. Вистината е, како и секогаш, негде на средина.

Према способноста за емитување енергија, ласерите се делат во две категории: нискоенергетски и високоенергетски ласери. Додека, према реакцијата која ја предизвикуваат, генерално, можат да се поделат на ладни ( ласери кои користат фотобиомодулација без создавање топлина) и топли ласери ( кои примарно предизвикуваат фототермална реакција). Во стоматологијата, покрај нискоенергетските фотобиомодулациони ласери и диодни ласери, најчесто се користат Er:YAG, Nd:YAG и јаглерод-диоксидни ласери. Цената на опремата, како и неопходната обука, се дел од најважните причини зарди кои ласерите во стоматологијата не се користат во поголема мера. На сето тоа, треба да се додаде и тоа дека постојат бројни типови на ласери и константно се појавуваат нови. Меѓутоа, примената на ласери во стоматологијата е во значајна експанзија и тоа влијае на промените во целокупната стоматологија. Затоа е важно секој стоматолог да се запознае со можностите за клиничка примена, нивната ефикасност и сигурност при користењето на ласерите.

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Јевтиќ е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. -Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.