Нека и вашите усни бидат за на насловна страна

0

Усните и харизматичната насмевка, според бројни студии на голем број испитаници на посилниот пол, се карактеризираат како нешто најпривлечно за спротивниот пол. Претпазливите дами кои држат до себе, ова им е мотив повеќе да во зимските месеци на своите партнери им понудат меки, сензуални, негувани усни, на кои другите ќе им завидуваат, а нивните партнери ќе им се восхитуваат.


Покрај нега на кожата не треба да се исклучи заштита и на усните, која е исто толку важна и резултира со сексипилни усни кои го одземаат здивот и мамат бакнеж. Такви се усните на познатите дами и најчесто коментирани . Без разлика дали тие се природни или не, во секој случај се негувани. Кога гледаме блескави насмевки кои ги красат насловните страници на сите списанија, сме склони да веруваме дека скапа козметика и шминка е она што доведува до тоа.  Ако и вие верувате во тоа – грешите!
Во зима, ветерот, дождот и студеното време само дополнително можат да ја влошат состојбата на вашите усни, кои се постојано изложени и бараат дополнителна заштита, и најчесто се испукани заради :

  •  Малнутрицијата (неправилната исхрана ), што доведува до недостаток на незаситени масни киселини (кои се присутни во маслиновото масло, рибните специјалитети, овошјето, зеленчукот ..)
  •  Недостаток на витамин Б

  •  Несоодветни временски услови
  •  Сув и премногу топол воздух во собата , кој ја суши кожата
  •  Како и со различните алергиски реакции (дури и најскапите козметички производи, доколку имаат состојки кои вам не ви одговараат можат да остават негативен ефект врз вашата кожа )

Најефективните препарати се кријат во вашата кујна

Испуканите и рапави усни не може да ги покрие и претвори во сензуални ни најскапиот кармин и сјај за усни. Болните усни не треба да се маскираат, напротив, да се негуваат. Природната козметика и домашната индустрија со малку пари навистина имаат одговор на тоа. Мнозинство од потребните состојки што секогаш ги имате во вашиот дом (мед, млеко, маслиново масло, путер) ги нанесувате на кожата на вашите усни и оставени да делуваат најмалку 15 минути може да имаат корисен ефект .

Да би вашите усни изгледале беспрекорно исто како и оние што го красат насловните страни:

  1. Редовно користет балсам за усни. Стик на бази масло, невен и масло од морков ги регенерираат оштетената кожа и дехидрираните усни
  2. Не ги навлажнувајте со јазикот, бидејќи веќе нехидрираните усни само уште толку ќе ги исушите
  3. Намалувајте ја температурата на околината , одржувајте воздухот да биде влажен
  4. Најмалку еднаш месечно направете мал пилинг на усните, што успешно ќе го отстрани вишокот на кожа
  5. Додека усни се испукани и оштетени, не користете ништо освен балсам, бидејќи на тој начин ќе постигнете спротивен ефект.

Запамтете, убавите усни не се насликани и нашминкани, туку здрави и негувани. Сега кога дознавте дека за тоа не се потребни премногу време и пари, посветете им се!

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Јевтиќ е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. -Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.