Чувство на “пеперутки во стомакот” – илузија или реалност

0

Процесот на вљубување трае помалку од 1 секунда. Всушност, потребна е само една петтина од секундата за да се чувствувате како да ве погодила Аморовата стрела.

 

Практично секој знае за “пеперутки во стомакот”, некои од лично искуство, некои од приказните на другите. Тоа е едено чувство кое се јавува кога сте заљубени. Секогаш кога ќе ја видите симпатијата, добивате неверојатно чувство во стомакот: се внатре скока, се врти и превртува. Тоа чувство се нарекува ” пеперутки во стомакот “, бидејќи е сличено на треперење, па асоцира на пеперутките кои треперат со своите убави крилја. Понекогаш тоа чувството не е пријатно – освен ако е многу силно, може да ви изгледа, дека пеперутките ви избегале некаде на одмор, а во стомакот да ви маршира цела армија. Дали некогаш сте се запрашале од каде тоа чувство? Некои можат да кажат “, бидејќи сум заљубен(а)” и ако сакате, можете да се задржи на тоа. Ако сакате да знаете што е тоа што хемиски предизвикува убаво чувство во вашето тело, продолжете да читате.

Чувството на “пеперутки во стомакот” е предизвикано од хемиското соединение фенилетиламин кое вашиот мозок го ослободува кога сте во жарта на љубовниот занес. Ова не е единствена ситуација за ослободување на ова соединенија – слично е и на она што се случува кога ќе јадете чоколадо ( бидејќи чоколадото и заљубеноста одат заедно толку добро, затоа девојките често се впуштаат да јадат чоколадо кога во љубовта едноставно не им оди добро ).


И тоа не е се – истиот спој се јавува кога правите нешто што навистина ве возбудува, како што е скокање со падобран … Додека девојките се склони кога ќе им биде тешко да јадат чоколадо, момчињата ќе се одлучат за некоја луда акција која ќе ги преземе неговите мисли за невозвратената љубов и ќе им даде чувство донекаде сличено на она кое би го обезбедила возвратената љубов.

Се разбира, не е се во хемиските процеси. Сега кога добивте една повеќе информација за вашето заљубување, не размислувајте премногу за тоа – туку уживајте во љубовта.

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Јевтиќ е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. -Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.