Хипертензија предизвикана од “бел мантил”

0

Крвниот притисок кога сте на доктор ви е повисок отколку кога сте дома?

Што може да биде причнина за оваа состојба?

Крвниот притисок расте и паѓа во текот на денот и ноќта. Нормално е неговите вредности да не бидат исти во текот на 24 часа. На пример кога сте возбудени или имате болки, веднаш по физичка активност или кога сте лути притисокот расте, за разлика од периодите кога сте опуштени или кога спиете – тогаш неговите вредности се намалуваат.

Доколку вашиот крвен притисок се зголемува кога сте на доктор, може да имате т.н “хипертензија предизвикана од бел мантил”. Се нарекува така затоа што најчесто здравствените работници носат бели мантили или бели униформи. Се мисли дека овој вид на хипертензија е предизвикан од стресот поради одењето на доктор. Многу од луѓето се свесни дека се возбудени или нервозни кога се на доктор, но исто така има многу луѓе кои не се свесни за истото. Секој може да се најде во слична ситуација.

Погоре напишаното ви звучи познато? Не двоумете се, разговарајте со докторот . Тој ќе ви даде совети во насока на следење на вредностите на крвниот притисок во домашна атмосфера. Така ќе се одреди дали притисокот расте само во лекарската ординација или пак проблемот со покачениот притисок е постојан и бара соодветна терапија.

Д.р Бојан Шешоски
Д-р Бојан Шешоски, роден 1985г во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид. Дипломира на Mедицинскиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" од Скопје во 07.2009г со просечен успех 9.62. професионално искуство доктор на медицина - ЈЗУ "Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања" - Охрид (2010-во тек) посетува едномесечен тренинг на Клиниката за ортопедија при Медицинскиот универзитет во Грац, Австрија (08.2009) како член на ССММ (Сојуз на студенти по медицина на Македонија) работи во одделот за студентски размени како локален офицер за размена (LEO) во Охрид (2004/2009); Учествува на субрегионален тренинг на IFMSA-Меѓународна федерација на медицинските студентски асоцијации (05.2009) останато Претставник на Р Македонија во следните младински лидерски програми: “Seeds of Peace - international conflict resolution program” - програма поддржана од Обединетите нации. Учесник на два едномесечни кампови во Мејн, САД и повеќе работилници (2001- 2011); учествува во SEEYLI (Младински лидерски институт за југоисточна европа) во Балтимор, Мериленд, САД - програма на Стејт департментот на САД администрирана од ИОО, IDEA и Towson University (2002); учествува во меѓународниот проект “Children of Аbraham" (2004г);