Факти за ХПВ (Хуман папилома вирус) инфекцијата

Кај 5% до 10% од заразените жени постои висок ризик за развој на преканцерозна лезија на грлото на матката, која може да напредне во инвазивен цервикален карцином.

Хуманиот папилома вирус (ХПВ) е член на папилома семејството на вируси и е способен за инфицирање на луѓето. Како и сите папиломавируси, ХПВ продуцира инфекции само во кератиноцити на кожата или мукозните мембрани. Додека мнозинството од речиси 200 познати видови на ХПВ не предизвикуваат никакви симптоми кај повеќето луѓе, некои видови можат да предизвикаат брадавици (verrucae), додека други можат, во мал број на случаи, да доведат до рак на половите органи кај двата пола.

Тоа почесто се случува кај жените, па истиот во скоро 100 проценти од случаите е предизвикувач на рак на грлото на матката. Исто така, може да предизвика рак на главата и вратот (јазикот, крајниците и грлото).

ХПВ – Сексуално пренослива инфекција

Повеќе од 30 до 40 типови на ХПВ обично се пренесуваат преку сексуален контакт. Некои сексуално преносливи типови на ХПВ можат да предизвикаат генитални брадавици. Постојана инфекција со „високоризични“ типови на ХПВ, различни од оние кои предизвикуваат брадавици на кожата, може да напредува во преканцерозна лезија и инвазивен карцином. ХПВ инфекцијата е причина за речиси сите случаи на рак на матката. Сепак, повеќето инфекции со овие типови не предизвикуваат болест.

Повеќето ХПВ инфекции кај младите жени се привремени и немаат долгорочно значење. 70% од инфекции со вирусот ги снемува во тек на 1 година, а 90% во тек на 2 години. И секако дека тука најголема улога има способноста на организмот да се справува со инфекциите – односно имунитетот.

Кога инфекцијата продолжува?

Кај 5% до 10% од заразените жени постои висок ризик за развој на преканцерозна лезија на грлото на матката, која може да напредне во инвазивен цервикален карцином. Овој процес обично трае 15-20 години, обезбедувајќи многу можности за откривање и лекување на пре-канцерогени лезии. Прогресија на инвазивен карцином може да биде речиси секогаш спречена кога се применуваат стандардни стратегии за превенција.

ПАП тест и борбата против ракот на грлото на матката

Со помош на скрининг Папаниколау (ПАП) тест или цитолошка анализа – биопсија се прави рано откривање на абнормални клетки кои може да се развијат во рак. Ако абнормалните клетки се најдат, жените треба да направат колпоскопија.

За време на колпоскопската инспекција може да се направи биопсија на абнормалните области. Истите можат да се отстранат со едноставна процедура, обично со cauterizing јамка или криотерапија. Лекување на абнормалните клетки на овој начин може да го спречи развивањето на рак на грлото на матката.

Со Пап тестовите се намалува инциденцата и жртвите на ракот на грлото на матката во развиениот свет, но дури и така имало 11.000 случаи и 3.900 смртни случаи во САД во 2008 година. Ракот на грлото на матката има значително висока инциденца на смртност кај сиромашното население; во светот има околу 490.000 случаи и 270.000 смртни случаи годишно.

Според ова може да се каже дека најважна од се е превенцијата со редовни гинеколошки прегледи како и ХПВ вакцина со која може да се спречи инфекцијата со ХПВ типови (16 и 18) кои предизвикуваат 70% од ракот на грлото на матката.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Билјана Јованоска Димитровска е родена на 29.09.1979 во Прилеп. Високо образование завршува во 2006 г. на Медицинскиот факултет при „Тракиски универзитет“, Стара Загора, Република Бугарија. Со тоа се здобива со титулата доктор на медицина. Работно искуство: Од 8 февруари, Веледрогерија Фармас МН - медицински претставник на Фармамед-Босна; Од 1 февруари, во Веледрогерија Фармас МН - медицински претставник на Медис - Словенија; Од 3 Јуни 2008, во Геопром – Скопје, како медицински претставник - маркетинг менаџер; Од 16 април 2008 до 2 јуни 2008, во ПЗУ Кумамед - Куманово, како матичен лекар; Од 15 февруари 2007 до 15 април 2008, во ПЗУ Еуромедика, с.Матејче, како матичен лекар; Од 19 мај 2006 до 19 јуни 2006, во ПЗУ Интергин како волонтер во ординација по општа пракса. Дополнителни професионални активности: Од април 2006, активист на Црвен крст при Општина Кисела Вода, како факултативен предавач и член на испитна комисија за прва помош на возачи. Учество на професионални курсеви: Курс за едукација на лекари по прва помош, 14 Април 2006, Скопје, Македонија; I Конгрес на асоцијацијата на лекарите по општа и фамилијарна медицина на Југоисточна Европа, 2006 г. Професионални публикации: „Интеграција на менталното здравје во превенција на хроничните заболувања – логички модел“, I Конгрес на асоцијацијата на лекарите по општа и фамилијарна медицина на Југоисточна Европа, 2006 г.; „Хроничен отитис медиа - микробиолошки наоди“, Балкански весник на отологија и невро-отологија, 2002 г.; „Воспаление на средното уво и дисфункција на Ефстахиева туба во врска со алергиски ринитис“, Балкански весник на отологија и невро-отологија, 2001 г.; „Рано откривање на рак на дојка, нашето искуство“, ХХ Симпозиум за едукација на лекарите по општа пракса на Република Македонија, 2005 г. Огромно е задоволството да се знае и посетува веб-страна како Доктори.мк, која е единствена од ваков вид. Уште поголемо е задоволството да се придонесе за здравствената едукација на македонскиот веб-простор со сопствена статија. Навистина е чест да бидам дел од тимот на Доктори.мк. Да продолжиме во истиот дух!