Хормонски дисбаланс кај жените

0

Хормонски дисбаланс кај жените и неговите симптоми се поврзани со нарушената рамнотежа на двата основи хормони – прогестерон и естроген. Се набљудува многу често кај жените во денешно време и е причина за многу здраствени проблеми. Сам по себе хормонот е хемиска супстанција која се продуцура во ендокриниот систем. Секој од хормоните е специфичен и регулира точно определена функција во човечкиот организам. При зголемена продукција на определен хормон се настанува промена во функциите на определени органи, а со тоа и хормонски дисбаланс. Најважните хормони во женскиот организам се естроген, прогестерон и андрогени.

Причините за тој дисбаланс се основно две групи фактор

  •  Внатрешни т.e. Физиолошки
  • Надворешн

Физиолошки причини

Кон физиолошките причини кај хормонскиот дисбаланс се однесуваат промените во репродуктивниот циклус на жената и промената во нивото на хормоните како резултат на репродуктивниот циклус. При нормален менструален циклус, првите 10-12 денови се произведува само естроген. Тогаш овулацијата “испраќа ” информација до женското тело да произведе прогестерон и хормоните се во рамнотежа. Без никакви симптоми на хормонски дисбаланс.


Прогестеронот го подржува ендометриумот за да може да ја прими оплодената јајцеклетка во случај да настапи бременост. Доколку нема бременост, телото престанува да ги продуцира и двата хормони и настанува менструација. Но, има и случај кога нема овулација во некој месец ( типичен предменопаузен случај). Тогаш прозведениот естроген во тој месец не се балансира со прогестеронот, кој што може да биде продуциран само за време на овулација, т.с. естрогенот продолжува да се произведува во месецниот циклус ( ке има едномесечен период), но пропуштената овулација означува дека нема произведен прогестерон.

Надворешни фактори

Кон надворешните фактори , кои влијаат на хормонскиот дисбаланс кај жените треба да ги споменеме и другите извори на естрогени во нашиот живот, освен тие кои се произведуваат во женскиот организам и кои ги има во хормонска терапија (HRT). Во денешно време многу жени имаат хормонски дисбаланс ( недостаток на прогестерон), неколку десетилетија пред да го достигнат периодот на менопаузата. Има многу причини кои допринесуваат до таа појава:

  •  Повеќе продукти на нафтата: кои содржат естроген т.нар. ксеноестрогени, кои имаат токсични ефекти врз телото, особено кај неродените бебиња. Пр. Средства за чистење, сапуни, спрејови, хербициди, козметика, кои се користат во домашни услови.
  •  пасивен начин на живот
  •  Наследност
  •  Дебелина
  •  Проблеми со тиреоидната жлезда или надбубречна слабост
  •  Неправилна исхрана ( зголемена коснумација на премногу масна и солена храна, преработена храна, храна богата со шеќери, кофеин и рафиниран шеќер)

  •  Строги диети ( диети бедни на масти)
  •  Типичната западна диета, со многу месо и млечни продукти ( кои пак во повеќето случаи во денешното време содржат хормони)
  •  Консумација на алкохол
  •  Нередовен сон
  •  Стрес
  •  Употреба на контрацептиви
  •  Хормонална терапија

  •  Хистеректомија
  •  Пропуштена овулација ( периоди без овулација)
  •  Пестициди, хербициди и други хемикалии
  •  Еколошки токсини и загадувањето на околината

ЗАКЛУЧОК : Ние во секојдневниот живот сме “заобиколени” со естрогени

Симптоми

Неколку се најчестите појави на хормонскиот дисбаланс. На прво место се хормонскиот дисбаланс по време на месечниот циклус. При отсуство на јајници престанува продукцијата на прогестерон, а сето тоа резултира со отсуство на овулација. Менопаузата е еден од најсериозните периоди во женскиот организам, по време на кој настануваат различни промени и неибежно настанува хормонски дисбаланс, кој пак се должи на претанокот на месечниот циклус. Тежкиот ПМС(предменструален синдром), зголемување на телесната тежина, нервоза, болки во градите и главоболка по време на циклусот, зголемената влакнетост , исто така се појави како резултат на хормонски дисбаланс. Причината на нивната појава може да се должи на недостаток на прогестерон.


Зголемената тежина , која се појавува без особена промена во секојдневниот живот и исхрана е признак на редица проблеми во ендокринолошкиот систем. Кога се појавува уморност, сонливост, опаѓање на косата, сива кожа,може да се посомневаме за намалена функција на тиреоидната жлезда. Забрзано намалувње на тежината при добар , нормален апетит, надополнето со забрзано чукање на срцето, зголемено потење, нервоза и честа промена во расположението, се најчести симптоми за зголемена функција на тиреоидната жлезда. Појавата на акни, зголемена влакнетост на лицето, проблеми со нивото на шеќер во крвта, неплодност и опаѓање на косата се симптоми, кои најчесто се должат на многу големо количество на мажки хормони во женскиот организам. Вишокот на машки хормони се набљудува и кај жени кои страдаат од синдромот на полицистични јајници. Честото чешање на кожата се еден од најпрвите симптоми на зголеменото ниво на шеќер во крвта,кој пак од своја страна може да сигназлизира диабет. Чешањето е најсилно во областа на гениталиите, па затоа најчесто се мисли за некоја вагинална инфекција. Честото уринирање, сувост во устата и усните и зголемената жед се други симптоми на диабетот.

Симптоми предизвикани од вишокот на естроген или хормонски дисбаланс во женскиот организам

Многу жени во почетокот на 30-та или 40-та година од животот всушност се во предменопауза и продуцираат естроген, но се помалку прогестерон. Тој хормонски дисбаланс ги предизвикува следните симптоми и нерамнотежа во нивото на хормоните:

  •  Опаѓање на косата

  •  Фиброзно-цистична мастопатија
  •  Фиброми во матката
  •  Забрзан процес на стареење
  •  Рак на градата
  •  Полицистични јајници
  •  Промена во расположението
  •  Остеопороза
  •  Рак на матката
  •  Намалена концентрација
  •  Предменструален синдром
  •  Намалено либидо
  •  Симптоми на алергија
  •  Дисфункција на тиреоидната жлезда
  •  Задржување на вода во организмот
  •  Подуеност на стомакот
  •  Дебелеење

  •  Зголемена чувствителност и болка во градите
  •  Студени раце и нозе
  •  Сувост во очите
  •  Депресија, зголемена чувствителност
  •  Уморност
  •  Зголем ризик од инсулти
  •  Нередовна менструација
  •  Хипогликемија
  •  Главоболка
  •  Инсомнија
  •  Бавен метаболизам
  •  Недостаток на цинк и магнезиум во крвта
  •  Зголемување на масното ткиво околу половината, задникот и бутовите.
  •  Зголем ризик од болести на жолчното кесе
  •  Нестабилно ниво на шеќерот во крвта
  •  Дисплазија на матката
  •  Рак на јајниците

Секоја жена има рзлични симптоми како резултат на хормонскиот дисбаланс, поодделно или во комбинација. Повеќето жени со напредување на возраста имаат се помалку овулации, кое пак означува се повеќе естроген и се помалку прогестерон во организмот, кога ќе ги додадеме и надворешните фактори, добиваме живот со т.н. господарење на естрогенот. Подолу ќе можете да видите некои од функцитте кои ги имаат секој од хормоните ( естроген и прогестерон во орагнизмот), како едниот хормон го балансира другиот хормон:

Ефекти на естрогенот Ефекти на прогестеронот
  • Зголемена тежина
  • Депресиja, главоболка
  • Фиброзно-цистична мастопатија
  • Зголемен ризик од рак на грaдата
  • Зголемен ризик од рак на ендометриумот
  • Намалено либидо
  • Зголемен ризик од тромбоза
  • Предизвикува дисбаланс во функцијата на тиреоидната жлезда
  • Нередовна менструација
  • Зголемен крвен притисок
  • Зголемен ризик от спонтан абортуси
  • Остеопороза
  • Ги искористува мастите за енергија
  • Природен антидепресант
  • Заштита од фиброзно-цистична мастопатија
  • Го намалува ризикот от рак на градата
  • Необходен за развојот на ембрионот
  • Заштитува од рак на ендометриумот
  • Го подобрува либидото
  • Ја нормализира хемостазата
  • Помага во тироидниот баланс
  • Ги нормализира месечните циклуси
  • Го регулира крвниот притисок
  • Заштититува от спонтани абортуси
  • Ја зголемува коскената цврстина

Диагностицирање на хормонскиот дисбаланс

При сомневање за постоење на хормонскии дисбаланс се препорачува консултација со ендокринолог. Поставувањето на диагнозата се извршува на базата на хормонски тестови. Се испитуваат хормони на тиреодината жлезда, естрогеност, прогестеронот, тестотерсон, кортизол и др. Сето тоа се врши со земање на крв или урина. Урината се зема, кога треба да се определат хормонските промени, кои се должат на бременост и овулација. Секое едно самолекување без лекарска контрола и земање на медикаменти на сопствена желба може да доведе до сериозни последици.

Терапија

Според причината за појавата на хормонскиот дисбаланс се прават различни начини за лекување, кои имат за цел регулирање на нивото на хормоните. Кога ќе се диагностицира недостаток на даден хормон, специјалистот препишува дадена терапија-супституција, со која се постигнува баланс. При зголемено производство на даден хормон се употребуваат блокатори. Кога пак хормонскиот дисбаланс е предизвикан од тумор, треба да се направи операција, благодарение на која ќе се отстрани туморот. Освен страндардната терапија со медикаменти, секоја жена со хормонски дисбаланс, треба да превзема мерки да ја подобри својата здраствена состојба. Се препорачува зголемување на физичката активност, редовен одмор и избегнување на психичко оптоварување. Во деновите пред менструација жената треба да се движи повеќе, да пие повеќе течности, да избегнува храна богата на масти и шеќери. Лекувањето на хормонскиот дисбаланс е важно со оглед на редицата компликации кои што можат да настанат. Хормоните се важен дел од правилното функционирање на организмот, а неадекаватната терапија или не применувањето на истата, може да доведе до нарушување финкцијата на многу органи во човечкиот организам.

Дознјате повеќе за  д-р Ангела Златковска

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

Д-р Ангела Златковска е родена на 13.03.1986. Високо образование завршува на Медицински универзитет Пловдив, Република Бугарија, со што се здобива со титулата доктор на медицина. Дипломира со висок просек, при што е наградена со златен орден и пофалница за одличен дипломиран доктор. Има учествувано на многу семинари и конгреси. Од посетата на повеќе обуки се има стекнато со пофалници и сертификати. Специјализант е по интерна медицина и асистент во Универзитетската клиника во Баден - Вуртемберг, во рамките на Универзитетот Хајделберг - Германија. За Доктори.мк Живееме во време кога медицината од момент во момент се повеќе се развива, како на полето на дијагностиката, така и на полето на лекувањето. Доктори.мк е идеално место каде што ние докторите од различни области на медицината можеме да споделуваме наши искуства, знаења и новости од областа на медицината и на тој начин да ги едуцираме граѓаните - нашите пациенти. Навистина ми е чест да бидам дел од тимот на Доктори.мк, кој од ден на ден се повеќе се зголемува.