Алвеолит

доктор по стоматологија

Доколку мислите дека со вадењето на забот, болката не може веќе да се јави, тогаш веројатно не сте слушнале за сува рана – алвеолитис, една од најчестите компликации на ваѓањето на забите...

Иако не е фатална како апцес или крварење, сувата рана може да биде многу болна. Алвеолитот често се јавува при ваѓање во областа на задните заби во долната вилица, него во горната. Без оглед на екстракцијата, дали е обична или комплицирана, сува рана може да се јави во двата случаи.

Симптоми на алвеолит

Сува рана е состојба која се јавува кога коагулумот што се формира после екстракцијата е одвоен од алвеоларниот гребен на вилицата. Така што коскеното ткиво е изложено и во директен контакт со климатските промени, плунката, храната... а кога коската е на тој начин изложена може да дојде до инфекција. Воспалувањето кое се јавува е многу болно, тоа е често длабока болка, која доведува да се чувствувате како да умирате. Доколку не превземете ништо, алвеолитот обично може да трае еден до два месеци. Ако пиете антибиотици, тоа нема да ви помогне, секако ќе бидете заштитени од инфекции, но болката и натаму ќе трае. Затоа е најдобро да го посетите вашиот стоматолог, кој сигурно во тој случај ќе ви помогне.

Третирање на алвеолит

Најдобар начин да се справите со сувата рана е да тоа го препуштите на вашиот стоматолог, кој ќе направи пакување на раната, а тоа е: прво да добиете локална анестезија, потоа се киретира раната, се врши испирање со физиолошки раствор и се аплицира средство кое ќе помогне да сето тоа што побрзо се стабилизира. На овај начин можете да се ослободите од болката и тоа за неколку минути да осетите олеснување. Но мора да знаете дека е потребно време да се излечи алвеолитот и оваа постапка вашиот стоматолог ќе треба да ја повторува често.

И нешто што е сосема непознато за пациентите е тоа да знаат дека алвеолит – сува рана е компликација која настанува независно од интервенцијата на стоматологот!

 

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 17.06.2014

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија