Доктори.мк | Пломба или коронка? | Plomba-ili-koronka | Портал за медицина и здравје

Пломба или коронка?

доктор по стоматологија

Доколку забот е премногу оштетен и неможе со пломба адекватно да се надокнади изгубениот дел, тогаш потребно е да се изработи коронка.

Индикации за изработка на коронка се:

  • Голем недостаток од коронката на забот– Доколку забот бил кариозен и од неговата коронка биле зафатени околу две третини, тогаш мора да се изработи коронка.

  • Кршење на поголем дел од забот- Коронка се изработува и доколку се скршил поголем дел од забот.

  • Девитализирани заби –  Забите кои се девитализирани односно им е умртвен забниот нерв,  стануваат крти и лесно можат да се скршат. Доколку дојде до кршење може да биде скршен и дел од забот кој се наоѓа под видливата линија на гингивата – во ваков случај прогнозата е многу лоша. Некои стоматолози препорачуваат веднаш по девитализацијата на забот да се изврши надокнада со коронка.

  • Неможност за адекватна реставрација со пломба – Доколку внимателно го погледнете забниот низ, и забележите дека забите меѓусебно се допираат ( тоа се нарекува контактна точка, а некаде може да биде и површина), а притоа неможе да се добие со пломба, тогаш задолжително се изработува коронка.

  • Скршен инцизален раб на секачите – При ваков случај, заради функцијата на овие заби, потребно е да се изработи коронка заради неможноста од ставање пломба. Во некои случаи, доколку пациентот е малолетен, може да се изврши реставрација со гласјономери, а кај возрасни – само коронка дефинитивно го решава проблемот.

Денес конзервативата дава огромна можност, и решението со пломба може да биде сосема адекватно. Кај поголеми пломби и кога е можно идеално да се реставрира забот, треба да се имаат во предвид следниве работи:каков е квалитетот на преостанатиот заб, каква е хигиената во устата, какво е општото здравје на пациентот. Може многу лесно да се случи совршено и лесно да се направи коректна пломба, но пациентот да има лоши хигиенски навики и некое општо заболување со кое би се комплицирала издржливоста на направената пломба.

 

Останати статии од авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или ремитување

www.doktori.mk, 02.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија