Витилиго

доктор на медицина

Витилиго е автоимуно заболување. Се карактеризира со бели флеки најчесто во пределот на рацете и лицето, но може да се јави и по целото тело. Се јавува како резултат на губење на нормалниот пигмент меланин од кожата на поедини делови, a особено е воочливо кај лицата со потемна кожа.

Како што веќе напоменавме витилигото е автоимуно заболување, што значи дека телото произведува анти-тела кои ги напаѓаат клетките кои произведуваат меланин. Според статистиката еден од троjца заболени од витилиго имаат генетски предиспозиции за појавување. Понекогаш се појавува во блага, а понекогаш во тешка форма. Научниците велат дека ефикасен лек се уште не е пронајден.

Што може да се направи?

Ако витилигото е во благи размери, може да се покрие со козметички препарати. Во вакви случаи не се превземаат други чекори за лекување. Деловите кои се зафатени се многу осетливи на сонце, па затоа е потребно истите да не се изложуваат на истото или адекватно да се заштитат. Постојат разни видови на терапии, како што е фототерапија со UV зраци, но терапијата започнува да дава резултати многу покасно, а понекогаш и не е ефективна.

Сумирано кажано, витилигото е автоимуна болест за која нема ефикасен лек. Кај повеќето луѓе третманот е козметички, но сепак кај 3 од 10 луѓе настанува спонтана пигментација и повлекување на некои зафатени делови.

 

Дознајте повеќе за авторот Роберт Николовски

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 22.09.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина