За забите - работи кои не сте ги знаеле

доктор по стоматологија

Забите, освен својата улога за механичка обработка на храната, се многу важни за изгледот на луѓето и затоа секогаш се тема на разговор. Како да се одржуваат, како да станат посјајни, како да се лекуваат... Денес ви претставуваме неколку интересни факти за забите кои можеби не сте ги знаеле.

  •  Околу 500 милиони Кинези не ги мијат забите!

  •  Децата чии родители се пушачи имаат повеќе расипани заби. Тим на истражувачи од САД истражувал пратеничка група на 4.000 деца и заклучил дека децата кои се повеќе од "принудени" да бидат пасивни пушачи односно поминуваат повеќе време во просторијата каде што се пуши, имаат повеќе расипани заби;

  • Ако се најдете во Шри Ланка, во август навечер, под полна месечина, може да присуствувате на фестивалот на забите. Постои приказната дека во канџите на еден мал рид, каде што има голем храм, се наоѓа забот на Буда. Иако тој никогаш не може да се види – поставен е длабоко во огромен број на кутии – но поворката се одржува секоја година;

  • 1846. Вилијам Мортон бил американски забар, кој прв пат употрбил анестезија во текот на вадењето на заби;

  •  Крокодилот има свој личен стоматолог, мала птица наречена калугерица. Овие птици ја собираат храната присутна на неговите заби.

  •  Просечно човекот троши од животот 38,5 дена во четкање на забите;

  •  Повеќето луѓе претпочитаат да користат сини четки за заби од црвени;

  •  Како и со отпечатоците од прстите, и јазикот е различен од личност до личност;

  •  Просечната четка за заби е направена од 2500 влакна групирани во 40 снопови

  • Жените , во просек, се смеат 62 пати на ден. Мажите само 8 пати! Децата во исто време се смеат околу 400 пати;

  •  Пародонтологијата е болест која претставува главна причина за загуба на забите кај возрасните и е исто така поврзана со многу болести на срцето. Доколку се открие во раните фази, штетата може да се третира и врати во неговата оригинална состојба. Четкање на забите два пати дневно, со користење конец и редовни прегледи стоматолошки претставува најдобрата превенција против развој на пародонтолошката болест;

  • Четките за заби треба да се менува на секои 3 месеци. Ако имате гингивит, тоа треба да биде по 4 до 6 недели, бидејќи бактериите од устата се сместуваме на влакната од четката;

  • Забниот кариес е водечки здравствени проблеми кај деца помали од 3 години;

  •  Во анкетата спроведена 2013. 34% од тинејџерите и 42% од возрасните избрале четка за заби како прв избор од 5 пронајдоци без кои тие не би можеле да живеат. Другите четири биле компјутер, автомобил, микробранова печка и мобилни телефони;

  • Забениот конец за првпат бил произведен во 1882 година.

  • Кралско работно место- едно лице чија должности е истиснувње паста за заби на Принцот Чарлс во царската палата е лицето Мајкл Фосет;

  • Највредното заб на сите времиња припаѓал на Исак Њутн. Тој 1816год. бил продаден во Лондон за $ 35,700.00;

 

Повеќе за авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 23.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија