Тумор маркери

0

Што се тоа тумор маркери?

Појавата на малигните болести во последните неколку децении зема голем замав. Милиони луѓе умираат од малигни промени на некое ткиво во организмот. Постојат некои супстанци кои се лачат во организмот како последица на негов одговор при постоење на некоја малигна или бенигна појава. Таквите супстанци можат да бидат во форма на протеини, ензими, хормони и сл. Нивното присуство е можно секаде во организмот (во клетките, во ткивата или во телесните течности) па овие супстанци се користат како дијагностички показател за присуство на канцерогени појави во телото. Со заедничко име овие супстанци се наречени тумор маркери. Сите поважни тумор маркери, како и нивните референтни вредности ќе бидат детално прикажани подолу во текстот.

 

Зошто е важно одредувањето на тумор маркерите?

Одредувањето на тумор маркерите е важно во поставувањето правилна дијагноза. Тумор маркерите не можат да учествуваат сами во донесувањето на дијагноза, туку тие се проследени со низа други процедури за испитувања кои се различни во зависност од проблематиката. Најчесто тумор маркерите се испитуваат за да се види дали дадената терапија делува, дали карциномот направил рецидив или дали постојат можни туморски промени во некое ткиво.

Како се одредуваат тумор маркерите?

Тумор маркерите се одредуваат на многу едноставен начин. Се зема венска крв и во рок од 2-3 часа може да биде одредено нивното ниво. Секој тумор маркер е специфичен за определен дел од телото, односно за определен орган, па со оглед на покачените вредности на одреден тумор маркер може да се добие сомнение за постоење на малигна промена на ткивото за кое тој е специфичен (ова подолу појасно ќе биде објаснето). Важно е тумор маркерите да бидат во референтна граница, секое излегување од референтната граница може да укаже на промени кои може, но и не мора да бидат малигни.

 

Што ако на резултатите се добијат покачени тумор маркери?

Покачувањето на тумор маркерите не мора секогаш да значи знак за карцином. Може да се работи за бениген тумор, но истражувањата покажале дека и одредени инфекции, бременост како и претераното пушење често можат да дадат покачени тумор маркери.

Типови на тумор маркери

Во продолжение ќе ги набројам сите поважни специфични тумор маркери, како и нивната функција и референтна вредност, па според нив ќе можете да разберете кој тумор маркер каква фуккција има.

  • СА – 125 (референтна вредност до 35 u/ml)

Овој тумор маркер е особено важен бидејќи неговото покачување вообичаено е знак за карцином на овариум или карцином на црниот дроб. Во поретки случаи неговото покачување е можно и при карцином на матка, дојка и панкреас. Сепак треба да се напомене дека благо покачување на овој тумор маркер се среќава во тек на бременост или во тек на менструација па затоа при негово покачување се потребни други дополнителни испитувања, како и кај секој друг покачен тумор маркер.

  • СА – 19 – 9 (референтни вредности 0-37 U/ml)

Покачувањето на овој тумор маркер е специфично за колоректалниот карцином, а во некои случаи и за карциномот на јајници или панкреас. Во определени слчаи, покачувањето на овој тумор маркер може да се должи и на хронично воспаление на панкреасот.

  • СА – 15 – 3

Покачувањето на овој тумор маркер во најголем процент е знак за туморна промена на дојка. И кај малигни и кај бенигни промени на дојката вредностите на овој тумор маркер се покачени. Покрај дојката, овој тумор маркер може да биде зголемен и како резултат на промени на простатата, јајниците и белите дробови. Овој тумор маркер е многу важен бидејќи неговата покаченост е можна уште во најраниот стадиум на развој на карцином на дојка. Тоа значи дека овој тумор маркер може да биде превентивно средство за навремено дијагностицирање и отстранување на туморозните промени на дојката. Важно е да се нагласи дека освен кај туморозни промени овој тумор маркер се покачува и за време на лактацијата кај жената, како и во период на бременост. Во ретки случаи се покачува за време на менструација.

  • СА – 27 – 29

И овој тумор маркер е сличен на претходниот, главно се покачува во случаи на бенигни или малигни промени на дојката. Важно е да се нагласи дека овој тумор маркер се покачува и во првиот триместар од бременоста. Освен кај дојка, се покачува и кај карцином на дебело црево, а особено е важно што покачувањето на овој тумор маркер може да е знак и за појава на циста во јајниците.

  • АFT (alfa-feto-protein) (референтна вредност 0-44 ng/mL)

Овој тумор маркер е покачен често при карцином на црн дроб, јајници или карцином на тестиси. Овој тумор маркер во многу ретки случаи може да биде покачен кај здрави лица, а се наоѓа покачен и во следниве нетуморски случаи: наследна тирозиноза, атаксија телеангиектазија, хепатитис.

  • CEA (carcinoembryonic antigen) (референтни вредности <2.5 ng/ml)

Овој тумор маркер е гликопротеин, во нормални случаи него го создаваат ембрионалните клетки на панкреасот, цревата и црниот дроб. Зголемени количини на овој тумор маркер можат да се сретнат во многу случаи: карцином на панкреас, бубрег, црн дроб, желудник, меланом, лимфом, но исто така и кај улцеративен колитис и кај алкохолно оштетување на црниот дроб (алкохолен хепатитис). Кај туморозните појави овој тумор маркер треба да се врати во нормала најдоцна до три месеци по извршениот хируршки зафат.

  • PSA (Простатично Специфичен Антиген) (референтна вредност <3.0)

Како што кажува и самото име, покачувањето на овој тумор маркер е основен знак за постоење на туморозна промена во простата, како и главен и доволен предуслов за понатамошно нејзино испитување. Овој тумор маркер нормално го има кај секоја машка личност по пубертетот, неговото покачување може да биде исто така предизвикано и од инфекција на простатата. Мерењето на овој тумор маркер е од особена важност во периодот по отстранување на туморот од простатата бидејќи со тоа се следи успешноста од лекувањето и рано се открива евентуалниот рецидив.

  • HCG (Хорионски Гонадотропин) (референтна вредност до <2 U/L)

Овој тумор маркер нормално е покачен за време на бременоста бидејќи се лачи од постелката. Во други услови може да биде знак за туморозна промена на многу органи. Особено на дојка, тестис, матка, овариум и сл.

  • LHD (Лактат Дехидрогеназа) (референтна вредност 105 – 333 IU/L)

За овој протеин можеме да кажеме дека го има во секој организам, а важно е за него што е покачен при речиси секоја карцинозна појава. Исто така може да биде покачен при инфекција на белите дробови, бенигна промена на срцето и многу други воспалителни процеси.

  • NSE (Невроспецифична Енолаза) (референтна вредност < 12.5 ng/ml)

Овој тумор маркер е покачен кај карцином на белите дробови. Исто така, негово покачување често се забележува и кај туморозни промени на штитната жлезда, бубрезите, тестисите и панкреасот.

 

Важно!

Референтните вредности се различни во зависност од лабораторијата, па според тоа вредностите кои ги пишува во вашите резултати и тука во текстот не мора да бидат исти, но треба да бидат слични!

Текстот е исклучително од информативен карактер. Сите направени анализи на тумор маркери мора да ги дадете на професионално толкување, најдобро кај онколог.

Важно е да кажеме дека медицината се стреми да ги направи тумор маркерите основна превентивна метода за рано откривање на малигните заболувања. Тумор маркерите се основна постапка за следење на малигната болест, за нејзиното повлекување или проширување како и за успешноста на терапијата.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.