2 ПОСТОВИ
Д-р Александра Крнинова е родена на 08.05.1980 во Скопје. Средно училиште заврши во УСО Раде Јовчевски Корчагин - Скопје. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје во 2005г.
По 5 годишно работно искуство станува сопственик на приватна здравствена установа Терадент.
Професионален интерес:
Постојано следење на сите најнови светски достигнувања од областа на стоматологијата што секако потоа наоѓаат примена и во нашата секојдневна практика.
Одличен сајт кој овозможува споделување на искуствата и знаењето на докторите и непосреден контакт со пациентите. Корисни совети кои им се достапни на пациентите во секое време. Да продолжиме така!!!