Ултразвучна – ехо дијагностика

0

Синоними за ултразвучно визуелизирање се ултрасонографија, ехографија или скратено ехо.
Од што се состојат овие испитувања? Кога се користат истите? Како да се подготвите?

Вовед

Ултравучното визуелизирање уште се нарекува и ултрасонографија, ехографија или скратено ехо. Тоа се состои од изложување на дел од телото на високофреквентни звучни бранови (ултразвук) со цел да создаде слики на внатрешноста од телото. Сликите на внатрешноста од телото се добиваат во реално време и ги покажуваат внатрешните телесни органи и нивните движења како и движрњето на крвта во крвните садови.

Кај Ултразучното испитување не се користи јонизирачко зрачење. Оваа техника е неинвазивна и мошне корисна како помош во дијагностицирање и третман на здравствени состојби. Конвенционалниот ултразвук прикажува едно и дводимензионални пресеци на телото, додека новите напредните ултразвучни техники овозможуваат и тридимензионално прикажување на органите (3Д слики).

Четиридимензионалниот ултразвук е всушност комбинација на 3Д приказ при што се регистрира и движењето на органите во тридимензионална форма. Доплер ултразвук е посебна ултразвучна техника која може да биде дел од ултразучното испитување.

Со оваа техника се проценува брзината на крвниот проток низ одреден крвен сад, а тука особено се мисли на најголемите артерии и вени во абдоменот, рацете и нозете.

Постојат три видa на Доплер ултразвук

Колор Доплер– преку компјутерска обработка, мерките добиени со доплер ни ги прикажува во спектар на бои со цел полесно да се визуелизира брзината и насоката на крвниот проток низ одреден крвен сад.

Power Doppler– тоа е понова и поосетлива техника отколку Колор Доплер, обезбедува повеќе детали , но нејзин недостаток е тоа што не може да ја одреди насоката на крвниот проток, што во одрдени случаи може да биде мошне важно.

Спектрален Доплер– наместо визуелен приказ обезбедува графички приказ на крвниот проток

Каде вообичаено се употребуваа ова испитување?

Ултразвукот се користи за дијагностицирање разни состојби и проценка на оштетувањето на даден орган од некоја болест. Најчесто им помага на докторите да проценат одредени симптоми како болка , отоци, инфекции и сл. Ултразвукот е многу корисен во испитувањето на повеќе внатрешни органи како:

-срцето и крвните садови, вклучително и на абдоминалната аорта и нејзините најголеми гранки

-црниот дроб

-бубрезите

-мочниот меур

-слезинката

-панкреасот

-матката

-јајниците

-фетусот кај бремени жени

-очите

-тироидната и паратироидните жлезди

и др.

  

Исто така се користи и како помош при одредени постапки и интервенции како:

-иглени биопсии

-визуелизација на дојките и како помош при земање биопсија од рак на дојка

-дијагностицирање на цела една палета на срцеви состојби и процека на оштетувањето по срцев удар или за дијагностицирање на заболување на срцевите залистоци доплер ултразвук му помага на лекарот да ги оцени и види препреките на крвниот проток (како на пр. згрутчувања на крвта)

-стеснувањата на крвните садови (што може да биде предизвикано од атерослеротични плакови) тумори вродени малформации

Со добиените податоци за брзината и волуменот на крвниот проток добиен со помош на доплер ултразвук, лекарот често може да одреди дали пациентот е погоден кандидат за процедури како што е на пр ангиопластика.

Како да се подготвите за ова испитување

Препорачуваме да се носи комотна облека бидејќи може да биде потрбно да се слече целата облека и накит од делот кој се испитува Другите подготовки зависат од типот на испитување кое кај вас ќе биде извршено. Во консултација со лекарот ќе се информирате околу тоа дали се потребни посебни подготовки пред вашиот преглед.

На пример, може да биде потребно да не пиете или да не јадете одреден број на часови пред закажаното испитување . Исто така може да биде побарано од вас да испиете одредена количина на течности и да не мокрите за да биде полн вашиот мочен меур би на почеток на прегледот.

Како изгледа опремата

Се состои од компјутер и електронски уреди, монитор за видео приказ и сонда поврзана со жица за која овозможува скенирање на телото и крвните садови.Сондата праќа сноп на високофреквентни бранови во телото и ги потоа ги прима повратните одбиени (ехо) бранови од ткивата и органите.

Принципот е сличен со сонарните уреди кај бродовите и подморниците. Врз основа на промени во фреквенцијата на овие повратни бранови со понатамошна компјутерска обработка апаратот ни дава визуелен приказ на органите, ткивата и течностите во внатрешноста на телото, нивната форма и движење а доколку е во прачање крвта со доплер ултразвукот(кој го користи ефектот на доплер) ни дава податоци за брзината и насоката на крвниот проток во крвните садови.

Како се изведува постапката?

На делото од телото кој се испитува се нанесува гел на база на вода кој помага да се подобри контактот межу кожата и сондата. Лекарот потоа ја притиска сондата цврсто на кожата и ја движи над регијата која се испитува Кај некои видови на испитувања сондата(трансдјусерот) се внесува во некој од телесните отвори.

Тука се вклучени:

-трансезофагеалнел ехокардиограм- со цел да се визуелизира срцето сондата се внесува низ устата во хранопроводот

-трансректален ултразвук- сондата се внесува во ректумот за да се визуелизира простатата

-трансвагинално ехо- сондата се внесува во вагината за да се визуелизраат матката и јајниците.

Колку долго трае прегледот?

Повеќето ехо прегледи траат помалку од 30 мин или помалку од 1 час.

Што точно ќе почуствуваш за време и по испитувањето?

Ова испитување најчесто е брзо лесно и безболно. На почетокот докторот ќе ви постави гел и ќе ја притисне сондата кон телото. Потоа ја движи околу регијата која се испитува. Доколку испитувањето е над некоја болна точка можно е да почуствувате мала болка.Доколку сондата се внесува во телесен отвор може да осетите блага непријатност.

Доколку се изведува доплер испитување, можно е да слушнате звуци во вид на пулсации дури се испитува крвниот проток.

Откога ќе заврши испитувањето гелот треба да го избришете и набрзо ќе бидете подготвени да продолжете секојдневните активности или други испитувања.

Придобивки наспроти ризици

Прегледите со ултразвук

-се неинвазивни

-се безболни

-не вклучуваат употреба на јонизирачки зраци

-даваат јасна слика на меките ткива за разлика од рентгенграфијата не предизвикува здравствени проблеми и може да се повторува често доколку е потребно

-се од прв избор при следење на бременоста и преглед на бремени жени

-дава слики во реално време и со тоа е погоден за водење на минимално инвазивни процедури како иглени биопсии и аспирации

-Ризици – досега не се познати штетни ефекти предизвикани од стандардниот ултразвук.

Ограничувања

Ултразвучните бранови можат да бидат прекинати од воздух или друг гас, па затоа оваа техника не се користи за испитување на белите дробови и цревата. Во повеќето вакви случаи, испитувања како редгенграфија (со или без контраст), КТ, НМР се методи на избор.

Кај обезни пациенти визуелизирањето е потешко затоа колку што е поголема должината што ја поминува зучниот бран дури стигне до внатрешните органи толку повеќе истиот ослабува.

Ултразвукот не моминува низ коските и може единствено да ни ги прикаже коскените структури од надвор, без она што е сместено во нив. Други иситиувања како ЦТ, НМР, редгенграфија се користат за таа намена.

Д-р Бојан Шешоски, роден 1985г во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид. Дипломира на Mедицинскиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" од Скопје во 07.2009г со просечен успех 9.62. професионално искуство доктор на медицина - ЈЗУ "Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања" - Охрид (2010-во тек) посетува едномесечен тренинг на Клиниката за ортопедија при Медицинскиот универзитет во Грац, Австрија (08.2009) како член на ССММ (Сојуз на студенти по медицина на Македонија) работи во одделот за студентски размени како локален офицер за размена (LEO) во Охрид (2004/2009); Учествува на субрегионален тренинг на IFMSA-Меѓународна федерација на медицинските студентски асоцијации (05.2009) останато Претставник на Р Македонија во следните младински лидерски програми: “Seeds of Peace - international conflict resolution program” - програма поддржана од Обединетите нации. Учесник на два едномесечни кампови во Мејн, САД и повеќе работилници (2001- 2011); учествува во SEEYLI (Младински лидерски институт за југоисточна европа) во Балтимор, Мериленд, САД - програма на Стејт департментот на САД администрирана од ИОО, IDEA и Towson University (2002); учествува во меѓународниот проект “Children of Аbraham" (2004г);