Секој од нас, без разлика дали е медицинско лице или не, во секојдневието може да биде затекнат од несакана ситуација во која може да е загрозен и животот на наш пријател или случаен минувач. Навременото, би рекол, реагирање, може да спаси понекогаш и човечки живот. Токму од таа причина, следат неколку медицински совети за укажување на итна помош. За почеток, прочитајте што да правите во ситуација на загуба на свест.
Губењето на свеста се случува кога снабдувањето на мозокот со крв е моментално неадекватно. Овој губиток на свеста е обично краток.
Онесвестувањето може да нема никакво медицинско значење, но и да биде сериозен знак за некое заболување. Затоа губењето на свеста се третира како итна медицинска состојба, се додека знаците и симптомите не се откријат и причината стане позната. Ако почесто ја губите свеста консултирајте се со Вашиот доктор.
Ако почуствувате дека ќе ја изгубите свеста:
Легнете или седнете. За да ја намалите шансата пак да се онесвестите, не станувајте брзо од столот или креветот.
Ако некој друг ја изгуби свеста:
Поставете ја личноста да легне на грб. Ако личноста дише, воспоставете го протокот на крв низ мозокот со тоа што ќе ги подигнете неговите/нејзините нозе над нивото на срцето – околу 30 центиметри – ако е можно. Ослободете ја личноста од каишот или од било која друга констриктивна облека. За да се намали шансата индивидуата да се онесвести пак, не ја терајте да стане одма. Ако личноста не ја поврати свеста за една минута, веднаш повикајте брза помош.
Проверете ги дишните патишта на личноста за да бидете сигурни дека се проодни. Внимавајте на повратени маси.
Проверете ги знаците за циркулација (дишење, кашлање или движење на градниот кош). Ако се отсутни, почнете со срцево-белодробно оживување или СБО (CPR). Продолжете со помошта додека не пристигне брзата помош или додека личноста не почне да дише.
Ако личноста била повредена при пад и притоа е изгубена свеста, контролирајте го крварењето со директен притисок врз раната.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-