Храна на која ќе и речете не, за да спречите простатит

0

Простатит е состојба во која простатата е потеченa и иритиранa. Акутен простатитис се развива брзо, и може да биде предизвикан од бактериска инфекција, инфекција на уринарниот тракт или сексуално преносливи болести. Хроничен простатитис обично не е предизвикан од бактериска инфекција, се развива постепено и може да трае еден широк временски период. Според многу нутриционисти и нивните истражувања,избегнување на одредени видови на храна може да помогне да се намалат или ублажат симптомите на простатитис.

Цитрусни сокови

Цитрусните сокови се кисели и може да предизвикаат иритација на мочниот меур. Иако агрумите се хранливи и може да се консумира без проблем, соковите содржат комбинирана киселост од повеќе овошја, зголемувајќи го ризикот за иритација. Овошните сокови, како што е сок од брусница, портокал, лимон и домат се особено кисели. Заменете ги високо-киселите сокови со сокови со пониска киселост, како сок од јаболка или круша, или сокови наменети за доенчиња кои содржат помалку киселина од оние наменети за возрасни.

Зачинета храна

Зачинета храна, како што се лути пиперки, чили паста, разни кари и азиски јадења, може да ги зголеми симптомите на простатит. Нутриционистите сугерираат избегнување на зачинета храна како средство за намалување на вкупните симптоми на простатитис. Изберете благи зачини како што се лук, ѓумбир, ким, коријандер, благ кари во прав, морска сол или црн пипер.

Кофеин храна и пијалоци

Кофеинот е стимуланс кој може да ги влоши симптомите на воспалението и ја зголемува потребата за уринирање. Со елиминирање на кофеинот од една исхрана може да се помогне во намалување на симптомите поврзани со простатитис. Зголемувањето на  хидратација треба да биде преку водата за пиење. Бидејќи кофеинот е благ диуретик, супстанца која исфрла течности од телото, колку повеќе кофеин, кафе, чаеви, сокови и енергетски пијалаци се консумира, толку се поголеми симптомите на простатитис. Чоколадото содржи скромни количини на кофеин, и треба да се избегнува или да се консумира ограничено. Разни видови производи, како што се исхраната во барови, спортски или енергетски пијалаци, исто така, можат да содржат кофеин, како и некои билки, како што се женшен или Гуарана. Овие, исто така, може да придонесат за зголемување на симптомите на простатитис и најдобро е да се избегнуваат. Најдобро е да пиете чиста вода, ниско кисели овошни и зеленчукови сокови, како здрав пијалок и алтернатива која има помала веројатност да предизвика симптоми на простатитис.

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Билјана Ристеска
Дипломиран Нутриционист Родена на 12 јуни 1981 година во Скопје. Спортист во душа, нутриционист на лист хартија и секогаш подготвена за нови предизвици. Искусен поборник за здравиот начин на живот и здравата исхрана како дел од него. Еден од советниците во Клубот за здрав начин на исхрана "New Nutritionism". Препознатлива по насмевката, упорноста и желбата за успех. -Доктори.мк мислам е портал кој ги задоволува повеќето потреби од областа на здравјето, медицината, исхраната... Секоја дилема има одговор токму на Доктори Мк. Темите се во тек со модерните трендови и токму тоа ги тера посетителите да се враќаат на овој портал и неколку пати во денот. Со еден збор Доктори.мк е модерен, забавен и пред се корисен портал достапен за сите.