Артефициелна (вештачка) вентилација – уста на уста

0

Секој од нас, без разлика дали е медицинско лице или не, во секојдневието може да биде затекнат од несакана ситуација во која може да е загрозен и животот на наш пријател или случаен минувач. Навременото, би рекол, реагирање, може да спаси понекогаш и човечки живот. Токму од таа причина, следат неколку медицински совети за укажување на итна помош. Во овој текст е претставен начинот на давање вештачко дишење (вентилација).

Ако е правилно направена, може да спаси живот.

Уверете се дали дишните патишта на пациентот се чисти со проверка на устата дали постои некаков стоп (опструкција).

1. Притиснете ги носниците на пациентот со помош на показалецот и палецот.

2. Земете длабоко воздух, и прилепете ја устата до устата на пациентот.

3. Вдувајте го воздухот силно, околу 1 секунда, и погледајте дали се подигнуваат градите на пациентот.

 

4. Ако не се подигнуваат, проверете дали:

  • Постои опструкција на дишните патишта;
  • Дали е доволно зафрлена наназад (екстендирана) главата;
  • Дали носниците се добро затворени.

5. Тргнете ја устата од пациентот и погледајте дали воздухот се издувува (експирира) нанадвор, што може да се потврди со:

  • Спуштање на градниот кош;
  • Звукот кој што го прави воздухот кој излегува од градите;
  • Воздухот се чувствува доколку лицето го приближиме до устата на пациентот.

6. Продолжете се додека пациентот не почне да дише сам.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Стеван Цветкоски
Д-р Стеван Цветкоски е роден на 22.03.1985 год. во Прилеп, каде го завршува своето основно и средно медицинско образование. Дипломира на Медицинскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 2011 година и се стекнува со титулата доктор на општа медицина. За време на студирањето активно е вклучен во Сојузот на Студенти и Студентскиот Парламент на Медицински Факултет како: Во август 2010 год. работи на Оперативен оддел и Оддел за патолошка бременост при „Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство” – Скопје, Р.Македонија. Во периодот мај 2012 – април 2013 работи како доктор по општа медицина во Поликлиника НЕУРОМЕДИКА – Скопје. Моментален ангажман: Специјализант по трауматологија и ортопедска хирургија ( Баден-Вуртемберг, Сојузна Република Германија). Д-р Стеван Цветкоски во текот на својата богата активност има посетувано медицински конференции во Република Македонија и надвор од неа и се има стекнато со многу вештини од областа на медицината, како и надвор од тоа поле, меѓу кои се и тимската работа, односи со јавност, организациони способности, стратешко планирање, говорни вештини, како и многу други. Одлично ги познава англискиот и германскиот јазик. Член на Извршен Одбор на Сојуз на Студенти на Медицина на Македонија при Медицински Факултет – Скопје, 2007-2008; Генерален Секретар на Студентски Парламент на Медицински Факултет – Скопје, 2008-2010; Член на Наставно-Научен Совет на Медицински Факултет – Скопје, 2008-2010; Член на Комисијата за Настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, 2008-2009; -Чест и задоволство е да се биде дел од тимот на Доктори.мк. Ова е одлично место каде што еден млад доктор со свои статии може да придонесе за здравствената едукација како на обичните читатели, така и на медицинскиот кадар. Едно големо браво за идејата за веб-сајтот и за професионалниот уреднички тим кој ги обединува докторите од целата држава на ваков интересен начин.