Што да направите ако почне да ви крвари носот?

0

Секој од нас, без разлика дали е медицинско лице или не, во секојдневието може да биде затекнат од несакана ситуација во која може да е загрозен и животот на наш пријател или случаен минувач. Навременото, би рекол, реагирање, може да спаси понекогаш и човечки живот. Можеби крварењето од нос нема да го загрози животот, но секако истото е многу непријатно. Прочитајте што треба да направите доколку ви крвари носот.

  • Седнете исправено и наведнете се нанапред. Со седењето вие го намалувате притисокот во вените на носот. Ова го намалува крварењето, а со наведнувањето нанапред ќе избегнете голтање на крвта која може да го иритира желудникот.
  • Стиснете го носот со палецот и показалецот доволно силно за да се затвори протокот на воздух. Користете ја устата за дишење. Држете го така носот стиснат 5-10 минути. Ваквиот маневар обично го запира крварењето.
  • За да превенирате повторно крварење, откако претходното престанало, не го чепкајте и не го дувајте носот неколку часа по епизодата на крварење.
  • Ако повторно се појави крварење, издувајте го носот силно за да излезат крвните тромби и прснете во носот деконгестив, кој содржи oxymetazoline. Потоа применете ги претходните техники за запирање на крварењето.

Побарајте итна медицинска помош ако:

  • Крварењето трае подолго од 20 минути;
  • Ако крварењето е резултат на пад или повреда на главата, вклучувајќи ја и повредата при удар со бокс кој можеби ја има скршено носната коска.

При чести крварења

Ако се јават чести крварења, закажете преглед кај вашиот доктор. Можеби ќе биде потребна каутеризација на некој крвен сад. Каутеризацијата е техника при која крвниот сад се гори со електрична струја, сребрен нитрат или со ласер. Понекогаш докторот може да го исполни носот со специјална газа или со латекс балон за да се аплицира притисок врз крвниот сад и да се запре крварењето.

 

 

Д-р Стеван Цветкоски
Д-р Стеван Цветкоски е роден на 22.03.1985 год. во Прилеп, каде го завршува своето основно и средно медицинско образование. Дипломира на Медицинскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 2011 година и се стекнува со титулата доктор на општа медицина. За време на студирањето активно е вклучен во Сојузот на Студенти и Студентскиот Парламент на Медицински Факултет како: Во август 2010 год. работи на Оперативен оддел и Оддел за патолошка бременост при „Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство” – Скопје, Р.Македонија. Во периодот мај 2012 – април 2013 работи како доктор по општа медицина во Поликлиника НЕУРОМЕДИКА – Скопје. Моментален ангажман: Специјализант по трауматологија и ортопедска хирургија ( Баден-Вуртемберг, Сојузна Република Германија). Д-р Стеван Цветкоски во текот на својата богата активност има посетувано медицински конференции во Република Македонија и надвор од неа и се има стекнато со многу вештини од областа на медицината, како и надвор од тоа поле, меѓу кои се и тимската работа, односи со јавност, организациони способности, стратешко планирање, говорни вештини, како и многу други. Одлично ги познава англискиот и германскиот јазик. Член на Извршен Одбор на Сојуз на Студенти на Медицина на Македонија при Медицински Факултет – Скопје, 2007-2008; Генерален Секретар на Студентски Парламент на Медицински Факултет – Скопје, 2008-2010; Член на Наставно-Научен Совет на Медицински Факултет – Скопје, 2008-2010; Член на Комисијата за Настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, 2008-2009; -Чест и задоволство е да се биде дел од тимот на Доктори.мк. Ова е одлично место каде што еден млад доктор со свои статии може да придонесе за здравствената едукација како на обичните читатели, така и на медицинскиот кадар. Едно големо браво за идејата за веб-сајтот и за професионалниот уреднички тим кој ги обединува докторите од целата држава на ваков интересен начин.