Како да помогнете при голем епилептичен напад

0

Секој од нас, без разлика дали е медицинско лице или не, во секојдневието може да биде затекнат од несакана ситуација во која може да е загрозен и животот на наш пријател или случаен минувач. Навременото, би рекол, реагирање, може да спаси понекогаш и човечки живот. Токму од таа причина, следат неколку медицински совети за укажување на итна помош. Прочитајте подолу како можете да помогнете при голем епилептичен напад.

 

Доколку воочите дека некој/а има епилептичен напад, важно е да ги следите следните постапки:

  • Останете покрај лицето – останете прибрани.
  • Забележете го времето/должината на нападот.
  • Заштитете го лицето од повреда – отстранете ги сите околни тврди предмети. Ставете му нешто меко под главата. Олабавете ги сите алишта што го стегаат.

 

  • Нежно свртете го лицето настрана – веднаш кога тоа ќе биде возможно, помогнете му да дише.
  • Воспоставете комуникација за да знаете дека и кога навистина лицето се вратило при свест.
  • Успокојте го лицето.
  • Отстранете ги страничните посматрачи.
  • Немојте да ги ограничувате движењата на лицето.
  • Немојте ништо на сила да му ставате во устата.
  • Немојте на лицето да му давате вода, апчиња или храна пред тоа сосем да се врати при свест.

По нападот, лицето треба да го положите да лежи на левиот колк. Не заборавајте дека постои мала опасност од повраќање после нападот, пред да се врати сосем лицето при свест. Затоа главата на лицето треба да му биде свртена на страна за да може од устата да му истече се што ќе поврати, а да не го вдише повратеното. Останете покрај лицето додека тоа закрепне (5 до 20 минути).

 

Повикајте Брза помош на 194 ако:

  • Нападот трае повеќе од 5 минути или ако набрзо дојде до втор напад.
  • Лицето не се освести во рок од 5 минути откако престанал нападот.
  • Нападот се случи во вода.
  • Лицето е повредено.
  • Лицето е бремено или има шеќерна болест.
  • Знаете, или верувате, дека тоа на лицето му е прв таков напад.
  • Не сте сигурни што треба да сторите.

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Стеван Цветкоски
Д-р Стеван Цветкоски е роден на 22.03.1985 год. во Прилеп, каде го завршува своето основно и средно медицинско образование. Дипломира на Медицинскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 2011 година и се стекнува со титулата доктор на општа медицина. За време на студирањето активно е вклучен во Сојузот на Студенти и Студентскиот Парламент на Медицински Факултет како: Во август 2010 год. работи на Оперативен оддел и Оддел за патолошка бременост при „Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство” – Скопје, Р.Македонија. Во периодот мај 2012 – април 2013 работи како доктор по општа медицина во Поликлиника НЕУРОМЕДИКА – Скопје. Моментален ангажман: Специјализант по трауматологија и ортопедска хирургија ( Баден-Вуртемберг, Сојузна Република Германија). Д-р Стеван Цветкоски во текот на својата богата активност има посетувано медицински конференции во Република Македонија и надвор од неа и се има стекнато со многу вештини од областа на медицината, како и надвор од тоа поле, меѓу кои се и тимската работа, односи со јавност, организациони способности, стратешко планирање, говорни вештини, како и многу други. Одлично ги познава англискиот и германскиот јазик. Член на Извршен Одбор на Сојуз на Студенти на Медицина на Македонија при Медицински Факултет – Скопје, 2007-2008; Генерален Секретар на Студентски Парламент на Медицински Факултет – Скопје, 2008-2010; Член на Наставно-Научен Совет на Медицински Факултет – Скопје, 2008-2010; Член на Комисијата за Настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, 2008-2009; -Чест и задоволство е да се биде дел од тимот на Доктори.мк. Ова е одлично место каде што еден млад доктор со свои статии може да придонесе за здравствената едукација како на обичните читатели, така и на медицинскиот кадар. Едно големо браво за идејата за веб-сајтот и за професионалниот уреднички тим кој ги обединува докторите од целата држава на ваков интересен начин.