Heimlich-ов зафат

0

Секој од нас, без разлика дали е медицинско лице или не, во секојдневието може да биде затекнат од несакана ситуација во која може да е загрозен и животот на наш пријател или случаен минувач. Навременото, би рекол, реагирање, може да спаси понекогаш и човечки живот. Прочитајте како и кога да го изведете Heimlich-овиот зафат.

Дефиниција

Heimlich-овиот зафат претставува маневар со кој може да се спаси животот во случај на давење со храна. Со овој маневар се зголемува притисокот во градниот кош и на тој начин се исфрла надвор туѓото тело. По спасувањето, на жртвата и е потребен итен транспорт на лекар.

Овој зафат, т.е. маневар, за прв пат е опишан од д-р Henry Heimlich во 1974 година, и од тогаш неговата примена спасила многу животи.

 

Heimlich-ов зафат при гушење

Индивидуата која се гуши со храна или друго страно тело, обично е во смртен страв, се фаќа со рацете за вратот, не може да дише, ниту да зборува и наскоро станува цијанотична (модра пребоеност на кожата на лицето, вратот итн). Поради тоа овој маневар мора веднаш да се примени со цел да се спаси животот.

Ако индивидуата која има страно тело во дишните патишта кашла, потребно е да се почека, бидејќи со кашлицата, која претставува одбранбен механизам, често може да се исфрли спонтано објектот и да се продолжи со нормално дишење.

Потребно е да се превземат следниве чекори за да се изведе правилно зафатот:

1. Да се пристапи зад индивудуата која се гуши.

2. Да се опфати со рацете околу абдоменот под градниот кош, со едната рака цврсто фатена за другата, на тој начин што палецот ќе дојде под средната линија на градниот кош, под ребрата, а над папокот.

3. Со брзо и силно стегање на дланките се притиска стомакот и снажно се повлекува нагоре.

4. Зафатот се повторува се додека не се исфрли туѓото тело.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Стеван Цветкоски
Д-р Стеван Цветкоски е роден на 22.03.1985 год. во Прилеп, каде го завршува своето основно и средно медицинско образование. Дипломира на Медицинскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 2011 година и се стекнува со титулата доктор на општа медицина. За време на студирањето активно е вклучен во Сојузот на Студенти и Студентскиот Парламент на Медицински Факултет како: Во август 2010 год. работи на Оперативен оддел и Оддел за патолошка бременост при „Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство” – Скопје, Р.Македонија. Во периодот мај 2012 – април 2013 работи како доктор по општа медицина во Поликлиника НЕУРОМЕДИКА – Скопје. Моментален ангажман: Специјализант по трауматологија и ортопедска хирургија ( Баден-Вуртемберг, Сојузна Република Германија). Д-р Стеван Цветкоски во текот на својата богата активност има посетувано медицински конференции во Република Македонија и надвор од неа и се има стекнато со многу вештини од областа на медицината, како и надвор од тоа поле, меѓу кои се и тимската работа, односи со јавност, организациони способности, стратешко планирање, говорни вештини, како и многу други. Одлично ги познава англискиот и германскиот јазик. Член на Извршен Одбор на Сојуз на Студенти на Медицина на Македонија при Медицински Факултет – Скопје, 2007-2008; Генерален Секретар на Студентски Парламент на Медицински Факултет – Скопје, 2008-2010; Член на Наставно-Научен Совет на Медицински Факултет – Скопје, 2008-2010; Член на Комисијата за Настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, 2008-2009; -Чест и задоволство е да се биде дел од тимот на Доктори.мк. Ова е одлично место каде што еден млад доктор со свои статии може да придонесе за здравствената едукација како на обичните читатели, така и на медицинскиот кадар. Едно големо браво за идејата за веб-сајтот и за професионалниот уреднички тим кој ги обединува докторите од целата држава на ваков интересен начин.