Заштита на детската кожа од сончеви зраци

0
36

Изложувањето на штетното влијание од сончевите зраци на бебешката и детската кожа претставува опасност. Затоа е потребно посебно внимание за нејзина заштита.

Заштита кај бебиња

Кожата кај бебињата е најосетлива таа е тенка, незрела и сеуште ги нема развиено природните механизми на заштита.Таа е цувствителна и може да изгори многу полесно отколку кај поголемите дечиња. Се препорачува бебињата дирекно на сонце да не се изложуваат особено не во период од 10-16 часот односно најдобро ќе го заштитите вашето бебе доколку еден час пред излегувањето на сонце го намачкате со соодветна заштита и го сместите под длабока сенка.Децата кои се помали од 2 години треба да се мачкаат со заштита на еден час.

Заштита кај деца до пет години

Децата до пет години е најдобро да не излегуваат на сонце без заштита на главата. Се препорачува капчињата да се со долг штит со цел да се заштититат очите од сончевите зраци. Колку детето е помало толку факторот на заштита треба да биде поголем. Дечињата до 5 години се препорачува да се мачкаат со заштита на два часа со фактор на заштита над 30 и притоа да не се користат препарати кои содржат алкохол или се парфимирани поради опасност од алергиски реакции. Треба да се внимава и на рехидратацијата. Потребно е на вашето дете да му давате вода на секој половина час на тој начин ја избегнувате дехидратација.

Заштита кај поголеми деца

Заштитата кај поголемите деца во првите денови од изложувањето на сонце е потребно да биде со поголем фактор додека кожата стекне отпорност кон сонцевите зраци,по извесно време факторот може да се намалува и притоа да се користат креми со понизок фктор. Исто така да се користи заштита и додека децата се во вода со помош на водоотпорни креми, додека се возат во автомобил, додека се под сенка, а и додека е облачно. затоа што УВ зраците пробиваат низ облаците и до 70%.
Затоа одберете го факторот на заштита на своето дете и заштитувајте го секаде.

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

-Софија Тодоровска е родена на 04.05.1985 година во Скопје. Средно училиште завршила во ДСМУ Д-р Панче Караѓозов, отсек медицинска сестра. Дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 2010 година и се стекнува со титулата дипломиран доктор по општа медицина. Учесник е на повеќе конгреси и семинари и активно ги следи новостите од областа на медицината. Одлично го познава англискиот јазик, а има познавања и од француски и шпански јазик -Доктори.мк е одличен сајт кој овозможува добра едукација на пациентите од сите области на медицината, а истовремено ги следи и сите најнови истражувања со што овозможува да се согледаат многу интересни факти за здравјето. Драго ми е што сум дел од тимот на Доктори.мк.