Тинејџерките и алкохолот – Работи кои секоја тинејџерка и секој родител мора да ги знаат

0

Девојчињата и момчињата треба да бидат на исто ниво, не треба да постои дискриминација и се она што веќе многу пати сме го слушнале …. Но, што е со алкохолот, дали пијана девојка и пијано момче се на исто ниво? Денес ќе продискутираме за она што претставува алкохолот во женскиот организам, дали тој исто влијае и кај девојчињата како и кај момчињата? Како влијае на однесувањето на девојчињата?

 

Статистика која загрижува …

За жал сите статистики покажуваат дека се повеќе девојки се опиваат и тоа многу рано во животот. Истражувањата покажуваат дека повеќе од половина на “современите” девојчиња прв пат вкусуваат алкохол пред да наполнат 16 години, а во тој период го искусуваат и своето прво пијанство. Овие девојки по наполнувањето на 18 години веќе редовно консумираат поголеми количини алкохол и тоа два до три пати месечно што е бројка која навистина загрижува. Овој тренд пред неколку децении беше одлика на западните европски и Соединетите Американски држави, но денес е типична одлика и во Република Македонија. Според истражувања кои се направени во некои европски земји се покажало дека секоја 4 или 5 девојка барем два пати во месецот консумира алкохол во поголеми количини од дозволеното. Дали е време да се запрашаме какви последици остава алкохолот кај девојките и кај жените на здравствен, но и на социјален план? Акохолот воопшто не е оправдување ниту кај момчињата и мажите, но ние денес ќе ставиме акцент на алкохолизмот кај жените и девојките …

Алкохолот штети многу повеќе на женскиот отколку на машкиот организам

Алкохолот е штетен и за мажите и за жените, но кај жените има многу поголемо разорно дејство. Ова го покажуваат скоро сите направени истражувања. Причина за ова научниците го гледаат во естрогенот. Естрогенот го засилува штетниот ефект на алкохолот, па така алкохолот многу побрзо може да го уништи женскиот одколку машкиот организам. Почитувани родители вашата ќерка која е во период на пубертет има огромни количини на естроген кои се вистинска бомба при мешањето со алкохол.

Што е со прагот на толеранција?

Во друштво често можам да го слушнам изговорот “жена може да те напие и да те однесе”, но дали ова значи дека жените можат да го толерираат повеќе алкохолот? Одговорот е: Не! На ова многу ќе реплицираат со примери, но вистината е тоа што мажите и жените имаат голема разлика во својата психологија, често жените можат визуелно да покажат дека се помалку пијани, но ако се направи тест ќе се забележи обратната ситуација. Сите истражувања покажале дека алкохолот е двојно повеќе штетен за жените, особено за тинејџерките, отколку за мажите, двојно по брзо го уништува срцето и црниот дроб и води до хронична цироза.

Тогаш зошто повеќе мажи умираат од алкохол …. ?

Причината зошто повеќе мажи умираат од алкохолизам отколку жени е фактот што жените многу почесто бараат помош, и многу по брзо сфаќаат дека им е потребна помош за разлика од мажите кои ги игнорираат симптомите на хроничен алкохолизам и затоа завршуваат почесто во последниот стадиум. Но, јас денес сакам да ставам акцент на тинејџерките …

Тинејџерките и раните сексуални односи …. Драги татковци ….

Во последно време читам многу дискусии кои се на тема, зошто младите тинејџерки стапуваат рано во сексуален однос, дали се виновни родителите, интернетот или некој друг детал од современото време? Одговорот е јасен, за ова е виновен алкохолот, во повеќе од две третини од ситуациите. Појдете од себе си, алкохолот ги исклучува вашите морални црвени линии во главата, вие го правите она што на трезно не би сакале ниту да го замислите, често се будите со чувство на срам од она што сте го направиле. Но, вие сте маж, срамот ќе помине под оправдување пијан бев, но сте се запрашале ли како ќе помине кај вашата ќерка? 

Тинејџерка е, и нормално е за нејзините години да има симпатии кон некое момче, од градот или од класот, современо е таа да излезе на забава во ноќните клубови и дискотеките и да се забавува со своите другарки и својата симпатија. Но, таа во себе има црвена линија која нема да ја помине кога е во прашање нејзината симпатија. Но, црвената линија мистериозно ќе исчезне само со две испиени чашки коњак или три сечени вотки … Тогаш во неа ќе остане само она нагонското, ќе избледее или ќе се избрише онаа црвена линија која е карактеристична само за луѓето и таа ќе отиде предалеку, можеби не првиот пат, можеби не вториот пат, но сигурно тоа ќе се случи третиот пат …

Сите истражувања покажуваат дека алкохолот освен што е една од главните причини за раното стапување на тинејџерките во сексуален однос туку е и една од главните причини за малолетничка бременост. Бременост која подоцна целосно ќе го промени животот на една тинејџерка.

А кога сме кај бременоста …

Нема безбедна доза! Започнаа да се шират многу митови околу тоа дека една чаша алкохол еднаш во 3-4 дена не е ништо страшно, но факт е дека ова никогаш не е докажано. Немојте да консумирате алкохол за време на бременоста, затоа што е факт, дека не постои докажана безбедна доза.

Што да се прави ….

Не постои директна врска која вие како родител можете да ја повлечете за да го спречите можното неморално однесување на вашата ќерка, но можете да се потрудите. Како? Најпрво мајките треба да се постават како пријателки, не треба да им браните да имаат дечко, тоа е сосема погрешно без разлика дали имаат 14, 15 или 18 години. Но, мора да им објасните како дејствува алкохолот. Мора да поведете грижа таа да не пие алкохол не затоа што вие го забранувате туку затоа што таа не сака. Кажете и дека е нејзина одлука тоа кога да има однос со еден дечко, но секогаш напоменувајте и дека таква одлука не треба да се донесува по пиење на алкохол. Секогаш кога ќе имате време разговарајте и со нејзе и со нејзината најдобра другарка ова не значи дека со сигурност ќе успеете, но е единствено нешто корисно што можете да го направите и кое може да даде добар резултат.

Почитувани тинејџери, достапноста на алкохолот денес е поголема од кога и да е досега, дали и како ќе се консумира зависи само од индивидуата (нешто на што не може да се влијае) и нивното убедување (нешто на што може да се влијае), затоа одложувајте го консумирањето на алкохол колку што можете подолго или зацврстете си силно убедување околу границите на консумирање, бидејќи она што може да ви се случи додека сте во алкохолизирана состојба нема да можете да го исправите во текот на целиот живот.

 

“Алкохолот е голема одговорност, само човек на кому сите желби и мечти му се остварени може да биде близу до рамнодушен на дејството на алкохолот. Алкохолот ве уништува еднакво психички колку што ве уништува физички. Не дозволувајте најубавиот период во вашиот живот да стане ваш пекол само затоа што сте посегнале по чаша или две алкохол …

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.