Пубертет кај машките деца- Се што треба да знаат децата и родителите

0

Пубертетот кај машките деца се состои од две до четири години интензивен раст и развој на детето. Во овој период детето расте и се развива како физички така и психички при што станува возрасен маж. Во текстот што следи ќе се обидам да дадам важни информации во врска со пубертетот кај машките деца и се она што децата и родителите треба да ги знаат …

Кога започнива пубертетот?

И кај машките и кај девојчињата пубертетот не започнува и завршува во прецизно време. Почетокот на пубертетот кај мажите е некаде по 12-тата година и може да трае во период од 2 до 4 години, поретко и нешто повеќе. Пубертетот се завршува некаде околу 16-тата година, но може и нешто подоцна.

Кога можеме да зборуваме за преран или доцен пубертет?

  • За преран пубертет обично зборуваме кога пубертетот ќе се јави пред навршени 10 години. Појавата на знаци на пубертет во овој период бара консултација со лекар, но не секогаш ова е причина за паника. Во некои семејства прераниот пубертет е генетски, почнува многу рано но завршува нормално како и кај другите деца. Преран пубертет може да се јави и поради други состојби на телото кои бараат лекување. Затоа прераниот пубертет бара преглед од лекар.

 

  • За доцен пубертет, зборуваме кога детето не развива знаци на пубертет по наполнување на 16 години. Причини за ова можат да бидат наследни како и при раниот пубертет, во таков случај пубртетот се јавува подоцна и се завршува без проблеми. Но, поретко може да се јави како резултат на органски оштетувања најчесто на хипоталамусот па поради ова ако детето не развие знаци на пубертет до 16 година потребен е преглед од лекар.

При раниот и доцниот пубертет децата често имаат психолошки трауми поради предвремената промена на неговото тело или доцнењето на знаците на пубертетот во однос на неговите врсници. Затоа на детето треба да му се објасни дека не е ништо не нормално и нема потреба да чувствува срам поради тоа,  понекогаш е добро истото и да разговара со психолог.

Редослед на развој

Обично луѓето забележуваат дека детето е во пубертет кога ќе го забележат неговиот нагол раст или промена на гласот, останатите промени обично се познати само на детето или на родителите кои го следат со внимание. Развојот обично има редослед што не мора да е стрикно поврзан со овој кој што ќе го презентираме, но го презентирам по ред кој обично се јавува со цел децата да разберат дека промените кои се случуваат на телото се физиолошки и не треба да го загрижуваат.

 

Најпрвин детето забележува промени во тестисите, тие се зголемуваат и скротумот исто така се зголемува заедно со нив. Влакна започнуваат да се јавуваат пред да започне да се менува пенисот, најпрво влакна се јавуваат околу коренот на пенисот иако тој сеуште има детски изглед. Веднаш по појавата на влакната околу коренот на пенисот и пенисот започнува да расте во дебелина и должина, а кратко потоа се забележува и раст и развој на целото тело со забрзано растење на детето во висина. Во следните години растот продолжува но со многу помал интензитет. Ратот престанува некаде во период помеѓу 18 и 20 години, некогаш трае и повеќе ако детето влегло покасно во пубертет. Ерекциите и ејакулациите започнуваат некаде околу 14-15 година или веднаш по започнување на растот и развојот на пенисот. Веднаш по започнување на наглиот раст и развој започнува да растат и влакна под пазувите и развојот на брадата на лицето, која некогаш може да се јави и порано а некогаш и доста подоцна во животот, во зависност од дете до дете има големи варијации во врска со појавувањето на брадата и нејзината изразеност, дури и кога таа многу малку се појавува не се смета за патолошки процес, ако останатите знаци на пубертет се нормални. Појавата на влакнетост е најпрво околу пенисот, па под пазувите а потоа се јавува и на лицето.


Растот на телото кај повеќето деца е најизразено околу 13-14 години, но често пикот на раст знае да биде  и по 14 -тата година и тоа се смета за нормално.  Во пубертетот децата обично растат нешто повеќе од 10 центиметри, но и многу повеќе во зависост од идивидуата, главата прва го достигнува максимумот, а потоа и останатите делови на телото.

Срцето, белите дробови и абдоминалните органи исто така растат во периодот на пубертето, притисокот се зголемува, срцевата акција се забавува а белодробниот капацитет расте. Единствен орган кој во пубертетот се смалува и полека инволуираа е тимусот.

Родителите треба да обрнат многу внимание на децата во периодот на пубертетот, Целото тело во овој период е под зголемен ризик, затоа физичката активност, здравата храна и редукцијата на стресот на детото треба да бидат имепратив за секој родител. Родителот треба да ги следи знаците на пубертетот и развојот на телото на детето, но мора да се нагласи дека ова треба да се прави особено внимателно бидејќи детето како физички, во овој период се развива и психички, па неговата приватност мора да се пичитува.

 

Хигиена и типични промени

Во овој период кај детето започнува интензивно лачење на пот, што го прави детето да чувстува многу по непријатен мирис од тоа што е навикнато, затоа детето треба што почесто да се тушира за да се зачува хигиената. Ако мирисот е интензивно непријатен потребно е да се користи и антибактериски сапун или да се бара совет од лекар. Појавата на акни и  гинекомастија можат да бидат составен дел на пубертетот ако се изразени треба да се побара лекарска помош, ако не истите спонтано ќе се повлечат по бувертетот.

 

Психички промени

Мажите во периодот на пубертетот можат да бидат интензивно раздразливи да се одалечат малку од родителите и да се навредуваат лесно. Оваа лутина и раздразливост обично е нормална и ќе се стабилизира по завршување на пубертетот, детето не треба да се става под притисок, туку само да се набљудува. Мора да се нагласи дека опасноста од склоност кон дрога пушење и алкохол се најголеми во овој период, па затоа е потребно да се биде внимателен. Но тука улогата на родител е ограничена бидејќи детето е под поголемо влијание на друштвото и околината.

 

Пубертетот и сексот

Сексот е навистина сериозна тема особено во пубертетот на мажите. Деликатноста на темата уште повеќе ја усложнува ситуацијата. Затоа се смета дека во врска со сексуалното образование е подобро децата да се учат во училиште или преку интерактивни предавања, бидејќи машкото дете ретко сака да разговара за тоа со родителите. Сепак таткото е одговорен да се обиде да му ја објасни сериозноста на сексот како и начинот на адекватна заштита, а исто така и сериозните последици кои можат да следат доколку пристапува без размислување.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Роберт Николовски
E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.