Мултивитамински суплементи – Потреба или само мода?

0
121

Во сите држави ширум светот па и во Македонија, мултивитаминските суплементи се користат во енормни количини. Луѓето сметаат дека тие ќе им помогнат за да го подобрат нивното здравје и здравјето на нивните деца. Но, од каде луѓето ја добиваат оваа информација и дали е таа издржана?

 

Во Америка биле направени многу истражувања во врска со земањето на мултивитамински суплементи. Според последното истражување кое опфатило околу 12 000 испитаници било потврдено дека 45 % редовно земале мултивитамински суплемент. На прашањето зошто, сите убедливо одговарале дека тоа ќе им помогне да си го зачуваат сопственото здравје. Ширум светот се поставува прашањето, од каде луѓето ја добиваат оваа информација? Одговорот е најверојатно дека оваа информација пациентите ја добиваат од рекламите на фармацевтските компании. Не треба да се потцени фактот дека фармацевтските компании само во САД имаат годишен профит од 30 милијарди долари, единствено како резултат на продавање на витамински суплементи.

 

Мултивитаминските суплементи сепак не се наменети за здрави луѓе и луѓе кои нормално функционираат и нормално се исхрануваат. Освен тоа, за да се земе суплемент иако не е потребен рецепт, пациентот треба да се советува со својот лекар. Лекарот треба да ја одреди дозата и типот на суплементот, спрема полот и возраста на пациентот. Најголемата грешка со земањето на суплементите се прави со тоа што тие се земаат без пациентот да се консултира со лекар. Се земаат во доза за која самиот пациент смета дека е доволна, при е отворена можноста, во одредени случаи да се направат и штети врз организмот.

 

Генерално гледано мултивитаминските суплементи не се штетни по здравјето ако се земаат правилно. Но, од нив нема потреба здрав човек, кој нормално се исхранува. Според голем број на научници ширум светот, тоа е само непотребно трошење на пари. Мултивитаминските суплементи треба да ги користат луѓето кои патат од некоја болест, слабост на организамот или слични пореметувања за кои е потребна витаминска надокнада, но секако за тоа ќе бидете советувани од вашиот лекар.

 

Според истражувањата во САД еден човек просечно троши 20 долари месечно за суплементи, во Македонија оваа сума пари би се однесувала за една фамилија. Сите научници ширум светот се согласуваат: Доколку за овие пари еден месец наместо витамински суплементи купите разновидно овошје, тогаш корисноста би била најмалку двојно поголема. Ова значи дека витамините кои ќе ги внесете со овошјето и зеленчукот не можат ни од далеку да бидат исто ефикасни со оние од суплементите.

Најдобар витамин е витаминот што ќе се земе со овошје и зеленчук, и никогаш нема да може да биде заменет со ниту еден суплемент, без разлика од кој производител потекнува или колку чини. Ова е факт кој мора да го запомните и применувате во животот.

Мултивитамините и децата

Доколку докторот не ви посочи суплемент кој треба да го давате на децата, немојте никогаш на своја рака сами да давате витамински суплементи на вашите деца. Тоа во најмала рака ќе биде непотребно, а може да биде и штетно.

Запомнете: Вашето дете доколку има нормален апетит, нема потреба од никаква синтетска надокнада на витамини. Ако сепак се сомневате во правилната исхрана на вашето дете и сметате дека тоа не внесува доволно витамини, тогаш најдобро би било да купите еден соковник и секој ден да се трудите тие да испијат барем две чаши свежо цеден сок од некое или неколку овошја. Доколку ова започнете да го правите, тогаш ве уверувам, дека вашето дете ќе биде неколку пати поздраво од било кое друго, кое секојдневно внесува по 2-3 таблети мултивитамински додатоци.

Мултивитаминските суплементи најчесто не се штетни, тие можат да бидат многу корисни во третирање на некои заболување, секако тогаш се препорачани од лекар. Вие и натаму можете да продолжите да ги користите, но запомнете никогаш, ниту еден суплемент нема да може да замени неколку чаши свежо исцеден сок или една порција свежа и здрава овошна или зеленчукова салата.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Роберт Николовски
E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.