Апгар скоринг систем/тест

0

Дефиниција

АПГАР тестирање претставува едноставен и лесно изведлив метод за брзо и релативно прецизно одредување на здравјето кај новороденчињата веднаш по породувањето врз база на бодување и оценување на бојата на кожата, работата на срцето, одговор на стимулации, мускулниот тонус, како и дишењето, на скала од нула до два, со максимален можен резултат 10. АПГАР бодувањето се врши два пати, првиот пат во првата минута од породувањето, а потоа повторно по истекот на пет минути од раѓањето.

Цeл

Бодирање АПГАР првично било развиена во 1950-тите од страна на анестезиологот Д-р Вирџинија Апгар со цел да им помогне на практикантите по медицина кои присуствуваат на раѓањето во одлучувањето дали или не кај едно новороденче има потреба од ресусцитација.

Користејќи методот со бодување, таа поттикнува конзистентност и стандардизацијата во пружањето на третман помеѓу различни лекари.

Едно истражување од Февруари 2001 година објавено во New England Journal of Medicine истражува дали Апгар бодувањето продолжува да биде релевантно и денес.

Истражувачите заклучиле дека АПГАР системот на бодување останува исто релевантен тест за предвидување на неонатална опстанок денеска како што бил пред речиси 50 години.

Д-р Вирџинија Апгар (1909-1974)

Како една од малкуте жени студентите по медицина на Универзитетот “Колумбија Колеџот за доктори и хирурзи во Њујорк во раните 1930-тите и еден од првите жените дипломци од својата медицинска школа, Д-р Апгар знаела дека нејзината цел да стане хирург нема да биде лесно постигната во професија каде воглавно доминираат мажи.

Не по своја воља,таа ја заменува нејзината медицинска специјалност хирургија за анестезиологија, насочувајќи се кон новото поле со типична за неа интелигенција и енергија.

Во тоа време, анестезиологија била релативно ново поле, област оставена од страна на лекарите најчесто на вниманието на медицински сестри.

Д-р Апгар веднаш сфатила колку е голема потребата од научно обучен персонал како значаен дел од секоја операција и таа лично се заложува да анестезиологија се направи посебна медицинска дисциплина. До 1937 година, таа станала педесеттиот лекар заверен како анестезиолог во САД. Следната година таа била именувана за директор на одделението за анестезија во Колумбија-Презвитерианскиот Медицински центар, со што станува прва жена на чело на одделот на таа институција.

Како присутен анестезиолог кој помага во породувањето на илјадници бебиња во текот на овие години, Д-р Апгар сфатила дека новородените умреле од респираторни или циркулаторни компликации кои раниот третман не бил во можност да ги спречи, па токму затоа одлучила да ги искористи своите значителни истражувачки вештини во насока на разрешување на оваа дилема раѓањето, а нејзиното внимателно проучување резултира со објавувањето на AПГАР рејтинг системот во 1952 година.

Опис на методот

Петте области од интерес се бодуваат како што е објаснето во продолжение:

1. Appearance – Изглед, или боја на кожа:

  • 2 бода ако кожата е розова насекаде;
  • 1 за акроцијаноза, каде трупот и главата се розеви, но рацете и нозете се цијанотични и
  • 0 ако целото тело е цијанотично

Новороденчињата со природно потемна боја на кожата очекувано не се розови. Сепак, бледилото е сепак забележливо , особено во пределот на стапалата и дланките.

Боја на кожата е поврзана со способноста на новороденчето да го оксигенира неговото тело и екстремитети и зависи од бројот на отчукувањата на срцето (срцева рата) и респирациите. Совршено здраво новороденче најчесто ќе добиете резултат од 9 поради присуство на некое синило во рацете и нозете.

2. Pulse – Пулсот(отчукувањата на срцето):

  • 2 бода за пулсот од 100 и повеќе отчукувања во минута
  • 1 бод за вредности на пулсот под 100
  • 0 бодови во случај на отсуство на пулс

Отчукувањата на срцето на новороденчето се оценуваат со слушање и броење на отчукувањата со помош на стетоскоп.

3. Grimace – Гримаса, или рефлексна раздразливост:

  • 2 бода ако новороденчето кашла,кивнува или енергично плаче како одговор на стимул
  • 1 бод за мал плач или гримаса како одговор на дразба
  • 0 бодови ако нема одговор на дразбата

4. Activity – Aктивност, или мускулен тонус:

  • 2 бода за енергични движења на рацете и нозете
  • 1 бод за присуство на некои движења
  • 0 бодови ако нема движење, млитавост

5. Respirations – Респирации, дишење:

  • 2 бода за видливи дишење и плачење
  • 1 бод за бавно, слабо, ирегуларно дишење
  • 0 бодови за апнеа, или отсуство на дишење

Новороденче кое плаче ќе може адекватно да ги оксигенира белите дробови.

Респирациите најдобро се проценуваат преку гледање на подигањето и спуштањето на абдоменот на новороденчето, бидејќи бебињата дишат воглавно со помош надијафрагмата.

Комбинираните први букви во овие пет области го даваат името на овој скоринг систем АПГАР(АPGAR)

Пoдготовка

Никаква посебна подготовка не е потребна за вршење на тестот. Сепак, додека трае породувањето на новороденчето можат да му се направат аспирирања на содржината во носната и оралната празнина со цел да се отстрани слузта и амнионска течност.

Ова може да се направи кога главата на новороденчето е безбедно надвор, додека мајката се одмора пред да продолжи да го асистира пораѓањето со помош на напрегања.

Понатамошна нега

Бидејќи тестот е првенствено од набљудувачка природа, не е потребна никаква специфична понатамошна нега.

Меѓутоа, тестот може да индицира на потребата за итна интервенција или продолжено набљудување.

Нормални резултати

Максималниот можен резултат кај АПГАР тестот е 10 бода, а минимумот е нула бодови. Исклучително е редок случајот да се добијат точно 10 бодови, бидејќи некои акроцијанози кај новороденчето се сметаат за нормална појава и затоа не е причина за загриженост.

Повеќето бебиња имаат резултат помеѓу 7 и 10 бодови и овие бебиња се очекува да има одличен понатамошен развој.

Резултат од 4, 5, или 6 бодови бара итна интервенција, обично во форма на апликација на кислород и респираторна асистенција или пак можеби само аспирација на содржината од дишните патишта ако дишење е попречена од слузта.

Додека се прави аспирацијата, изворот на кислород може да биде поставен во близина, но не преку носот и устата на новороденчето.

Оваа форма на кислородна апликација се нарекува blow-by .

Резултат во спектарот од 4-6 бода покажува дека новороденчето има поголеми потешкотии при адаптација кон екстраутериниот живот. Ова може да се должи на лекови кои и се давани на мајката за време на тежок акт на породување или на самиот крај на породувањето, кога овие лекови имаат претеран ефект врз новороденчето.

Абнормални резултати

Со резултат од 0-3 бодови, новороденчето не одговара на дразба,има апнеа, бледило-цијаноза, а пулсот е одвај мерлив или најчесто отсутен. Интервенции за реанимација мора да се започнат веднаш. Тестот се повторува на пет минути по раѓањето и двета добиени резултати се документираат. Доколку напорите за реанимација продолжуваат во периодот на првите пет минути по породувањето, интервенциите не смее да се запрат соцел да се изврши АПГАР тестот.

Резултатот во прва минута индицира на потребата за интервенција при раѓањето. Посочува на преживување и превенција на компликации кои произлегуваат од несоодветни снабдување со кислород и комплицирано породување.

Неквалитетна оксигенација може да се должи на несоодветна невролошка и/или хемиска контрола на респирацијата. Резултатот на 5 минути од породувањето по се изгледа дека има повеќе предвидувачка вредност за морбидитетот и понатамошниот нормален развој, иако истражувања на оваа тема се инконзистентни во своите заклучоци.

Клучни термини

Акроцијаноза

Мала цијаноза, или синилото на рацете и нозете на новороденото се смета за нормално. Оваа оштетена способност на новороденот целосно да ги оксигенира екстремитетите е резултат на незрелиот циркулаторен систем кој се уште е во развој.

  • Амнионска течност – плодова вода

Течност која го опкружува фетусот додека расте во матката/плацентата. Повеќе функции меѓу кои нутритивна, имунолошка, механичка заштита на плодот и тн.

  • Палор

Бледило во бојата на кожата. (Како пример: при употребата на назална сукција, тапкање по грбот за да се оцени за потенцијални ‘рбетни абнормалности)

Терминот се однесува на новородени бебиња, во периодот од раѓањето до еден месец старост.