Цервикална – вратна спондилоза

Вовед

Цервикална спондилоза е термин кој означува оштетување на зглобовите во вашиот врат, исто така познат како вратен остеоартрит. Оваа состојба вообичаено се јавува кај индивидуи постари од 40 години и прогредира со тек на процесот на стареење. И покрај тоа што ги погодува двата пола, цервикалната спондилоза порано се јавува кај мажите.

Причини

Како што стареете коските и рскавицата кои го формираат вратниот дел на ‘рбетниот столб постепено пропаѓаат, понекогаш формирајки неправилни коскени израстоци наречени остеофити. Паралелно настанува постепена дехидратација (сушење) на меѓупрешленските дискуси кои имаат улога на ,,амортизер,, на вратниот ‘рбет. Понекогаш следува пролабирање на мекиот дел на дискусот помеѓу два пршлени (односно херниирање на дискусот), при што тој врши компресија врз корените на нервите кои излегуваат од ‘рбетниот мозок а кои се во негова непосредна близина или пак врз самиот ‘рбетен мозок.

Овие промени кои се карактеристични за вратната спондилоза, се јавуваат кај сите луѓе во текот на старењето. До 30 годишна возраст кај многу индивидуи на рентген снимките се јавуваат знаци за вертебрална и дискална дегенерација, но и покрај тоа симптомите најчесто не се јавуваат се до доцната адултна возраст во животот.

Многу од луѓето кај кои промените се евидентни на рентген снимки немаат тегоби поврзани со болеста (болка, чувство на вкочанетост, мускулни спазми). На другиот крај од спектарот се пак оние паценти кај кои вратната спондилоза напредува до степен што при кој настанува вратна радикулопатија или вратна миелопатија.

Вратната радикулопатија е состојба при која настанува стеснување на прострот помегу вратните пршлени и при која коскените израстоци притискаат врз корените на нервите. Во потешките случаи настанува вратна миелопатија, кога деформитетот на вратниот ‘рбет кој настанал при спондилозата доведува до стеснување на вратниот дел на ‘рбетниот канал и го притиска вратниот дел на ‘рбетниот мозок. Овие две состојби може да доведат до траен инвалидитет.

Сепак кај најголем број од возрасните пациенти, речиси кај 90% од нив нема да се развие невролошки дефицит, дури ни повремен.

Симптоми и знаци на вратна спондилоза:

  • вкочанетост и болка во вратот,
  • болки во рамото, раката или градите,
  • отрпнатост или трнење долж рацете, дланките, нозете или стопалата,
  • слабост на рацете, дланките, нозете или стопалата,
  • неможност за изведување на фини движења,
  • абнормални мускулно тетивни рефлекси,
  • потешкотии при одот,
  • нарушена контрола на функциите на мокрење и дефекација.

Ризик фактори

се фактори кои придонесуваат кон прогресија на болеста.

  • процесот на стареење,
  • неправилното држење на телото и,
  • повредите на вратот

Кога да побарате лекарска помош

  • кога чувствувате силна болка во вратот
  • кога болката се влошува
  • кога се јавува отрпнатост долж рацете или нозете

Поставување на дијагнозата

Вашите симптоми како и наодот од лекарскиот преглед може да сугерираат дека имате вратна спондилоза. За да се постави дијагноза потребно е да се за се направи

  • Невролошки преглед,
  • Рентгенска снимка на вратот,
  • Компутеризирана томграфија или пак магнетна резонанца на вратот. Овие иследувања овозмжуваат подетален приказ на променте на вратниот рбет. Компјутеризираната томографија користи рентген зраци, а магнетната резонанца користи магнетно поле и радио бранови и дава детални слики на вашиот рбет. Оваа снимка е особено важна во проценка на степенот на оштетување на ‘рбетниот мозок.

Третман

Без соодветен третман , знаците и симптомите на вратната спондилоза може или да прогредираат или пак да се повлечат.

Целта на третманот е да се намали болката и да се превенира перманентно оштетување на нервите или рбетниот мозок. Полесните случаи на вратната спондилоза може да одговорат на примање на аналгетици, нестероидни антиинфламаторни лекарства за обезболување, миорелаксанти, вежби за зајакнување на вратната мускулатура. Понекогаш носењето на вратна имобилизација ја намалува болката, но докажано е дека таа доведува до слабеење на вратната мускулатура и поради тоа треба да се избегнува. Физикална терапија, односно вежби препишани од страна на специјалист по физикална терапија со цел зајакнување на мускулатурата и истегнување на муските на вратот и рамењата, лесни аеробни вежби како пешачење, пливање може да помогнат.

Хируршки третман

Доколку се јават невролошки симптоми и знаци кои прогредираат на пациентот може да му биде предложен оперативен третман. Најчесто се користат два пристапи: преден(фронтален) пристап или пак заден(постериорен) пристап.

При предниот пристап хирургот прави инцизија на предната страна на вратот и пристапува на предната страна на вратниот рбет. Потоа хирургот го отстранува херниираниот дискус, а понекогаш ја исполнува празнината со коскен графт или пак друг имплант. При задниот (постериорен пристап) операцијата се нарекува ламинектомија бидејки се одстранува парцијално задниот дел на прешленското тело преку инцизија на задниот дел на вратот.

 

Превенција

И порај тоа што не е возможно да се спречи процест на развој на спондилозата можно е да де намали прогресијата.

Се препорачува вежбање, со цел да се зајакне и тонизира мускулатурата и да се зголеми флексибилноста и опсегот на движење на вратот.

Се препорачува да се избегнува долго гледање телевизија, работа на комјутер, возење односно активности при кои главата долго се одржува во неприродна положба. Да се избегнуваат нагли движења на вратот. Да се заштити вратот од нагли движења (пр.носење на каиш при возење во автомобил).

При спиење да се практикува поставување на главата и вратот во правилна положба.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

прво објавување 17.02.2011