По повод светскиот ден на мозочниот удар – Здружението за борба против мозочен удар организира акции во Скопје, Штип и Тетово

По повод 29.10.2015 (четврток) – Денот на мозочниот удар, Здружението за борба против мозочниот удар ќе организира акции, под мотото “Внимавај мозочен удар” во Тетово, Штип и Скопје.

 

Целта на овие акции е индивидуална евалуација на ризик факторите за мозочен удар, при што секој посетител ќе има можност да биде прегледан од специјалист невролог и специјалист интернист, да направи ЕКГ, проверка на шеќерот во крвта и мерење на крвниот притисок. Истовремено ќе биде поделен и информативен материјал, а во Штип ќе се одржи и предавање на темата “Мозочен удар и тромболиза”- предавачи, Д-р Маја Божиновска Смичевска и Д-р Елена Личкова – специјалисти невролози. Целта на овие активности е населението да биде запознаено со мозочниот удар, со ризиците и начинот на превенција, но и како брзо и навремено да ги препознаат знаците на мозочен удар, бидејќи единствена терапија за исхемичните мозочни удари е ефикасна само доколку навремено се дијагностицира болеста.

Активностите ќе се одржат на следните локации:

  •  Тетово – на платото пред домот на култура 10:30 – 13:30 часот
  •  Штип – здравствен дом (приземје) – 10:30 – 13:30 часот,  предавањето на тема “Внимавај мозочен удар”  – 14  часот во свечената сала при Факултетот за образовни  науки – Штип
  •  Скопје – Скопски саем од 10 – 12 часот

Акциите се од отворен карактер наменети за сите  оние  кои се грижат за своето здравје и здравјето на  своите  најблиски!