Настинката е доволна причина да купиме многу лекови и витамини од кои и немаме баш некаква корист. Синтетичките витамини се хемиска копија на природните, со разлика што во нив недостасува еден важен дел кој ни е многу потребен, а тоа е биоелектрицитетот (енергијата на храната која што се наоѓа во нејзиниот електрицитет).
Синтетичките витамини се недоволно корисни, понекогаш и штетни додека природните го подобруваат здравјето и имаат поразлична вредност од оние што се нудат во облик на хемиски производ. Затоа, наместо секојдневно да пиете витамински таблети, најважно е да ја подобрите исхраната т.е. да внесувате поголемо количество природни витамини.
Витамин А
Позитивното дејство на овој витамин е тоа што го стимулира природниот имунитет, го регулира крвниот притисок, придонесува за добар сон, го поттикнува растот на косата и ноктите, придонесува за подобар вид, штити од инфекции и разни проблеми поврзани со телесната тежина. Природен Витамин А се среќава во морковите, ротквиците, компирот, доматот, интегралните житарици, лукот и кромидот, сувото овошје, кајсиите, лимонот, портокалот, сирењето, растителното масло, медот и млечот.
Постојат опасности од прекумерно земање синтетички Витамин А. Хипевитаминозата со овој витамин предизвикува болки во главата и повраќање, сушење и перутање на кожата, пореметување на црниот дроб како и анорексија и губење на апетитот.
Витамини од групата Б
Во оваа група се вклучени Витамините Б1,Б2,Б3,Б6,Б12. Позитивното дејство на овие витамини се состои во тоа што тие ја стимулираат работата на срцето, црниот дроб и органите за варење, се борат против заморот и помагаат при производството на крвни зрнца и формира хемоглобин.
Витамините од оваа група се среќаваат во зелените делови на свежиот зеленчук, свежото овошје, сувото овошје, интегралниот ориз, кикиритките, оревите и јајцата. Од прекумерното консумирање на овој витамин може да настанат следниве опасности по здравјето: хипертензија, мачнина, црвенило на кожата и грчеви.
Витамин Ц
Доколку редовно и правилно го консумирате овој витамин најмногу влијаете врз зајакнувањето на вашиот имунитет. Покрај ова полезно дејство, внесот на Витаминот Ц влијае и врз зголемување на активноста на надбубрежната жлезда, штити од токсини кои ги има во чадот од цигари, се подобрува оксигенацијата и снабдувањето со олиго елементи и учествува во создавањето на прогестерон.
Природен Витамин Ц се среќава во црвената зелка, спанаќот, лукот, пиперката, лимонот, кивите, рибизлата, портокалот, медот и млечот. Доколку претерате со прекумерно консумирање на овој витамин може да ви се појават следниве несакани дејства: дијареа и пореметување на органите за варење, несоница, ја попречува апсорпцијата на бакар и цинк.
Витамин Д
Витаминот Д влијае врз растот на коските и дава цврстина на кожата.
Се наоѓа во маслиновото масло, зеленчукот и салатите, медот и млечот.
Треба да бидете внимателни при неговото внесување бидејќи доколку претерано го консумирате можете да го спречите дејството на Витамините А и Е, да го зголемите артерискиот притисок и да го намалите апетитот и да предизвикате мачнина и умор.
Витамин Е
Со редовното консумирање на овој витамин можете да го намалите стареењето на кожата, да ја подобрите плодноста и сексуалната рамнотежа и да ја регулирате функцијата на хипофизата и тироидната жлезда.
Витаминот Е се наоѓа во медот и млечот, во зелените салати, маслиновото масло и јајцата.
Негативните последици по здравјето доколку претерате со неговиот внес се следниве: пореметување во органите за варење, болка во главата и мачнина, пореметување на видот, вртоглавица и воспаление на усната празнина.
-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-