Koриста од Resveratrol за човечкиот организам

0
berry grape in a wine puddle

Ресвератрол спаѓа во класата на растителни полифеноли наречени стибени.

Овие соединенија имаат антиоксидативни својства со што ги неутрализираат слободните радикали кои се нестабилни атоми настанати од надворешни штетни влијанија и како такви го оштетуваат телото и доведуваат до различни заболувања како на пример: срцеви, невролошки и малигни. Ресвератролот може да се најде во лушпата на црвеното грозје или може да биде екстрахиран од растението Polygonum cuspidatum.

Ресвератролот се користи во состојби на:

-Кардиоваскуларни заболувања – како кардиопротектор, ресвератролот ја стимулира активноста на eNOS (ендотелна азот оксид синтаза), ја инхибира оксидација на LDL и ја инхибира тромбоцитната агрегација, со што превенира миокарден инфаркт и мозочен удар.

-Алцхајмерова болест и дементни заболувања – ги заштитува нервните клетки од оштетување и насобирање на плака, а воедно ја поттикнува фукцијата на митохондриите, со што го подобрува аеробниот капацитет и ја засилува сензомоторната функција.

-Малигни заболувања – интерферира со сите стадиуми на карциногенезата и ја инхибира клеточната делба и раст in vitro на многу хумани малигни клетки вклучувајки ги тие на дојка, простата, желудник, дебело црево, панкреас и тироидна жлезда.

-Ресвератролот не се препорачува за време на бременост и доење.

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитувањ

Д-р Дарко Стојановски
Дарко Стојановски е роден на 20.03.1983 година во Скопје. Со средно образование се стекнал во средното училиште "Орце Николов", Скопје, насока: општа гимназија. Дипломира на Mедицинскиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" од Скопје во 2007г. работно искуство: Доктор на медицина, ПЗУ “Линко Мед“, Скопје (2014-моментално); Медицински консултант, НВО "Борка - за секој нов ден", невладина и непрофитна организација за борба против ракот, Скопје (2011 - моментално); Вешто лице од областа на медицината во Основен Суд Кочани (2010 - 2014); Вешто лице од областа на медицината во Основен Суд Неготино (2010 - 2014); Meдицински претставник, Actavis, Скопје (2010 - 2013); Meдицински претставник, Swanson Health Products, Скопје (2008-2010). обуки и сертификати: Сертификат за Програма за партнерство со лекарите - вештини за продажба, INNOVARA, Inc Софија, Бугарија; Сертификат за семејна медицина - IV Конгрес на земјите од Југоисточна Европа по семејна медицина, Пловдив, Бугарија; Сертификат за Трансакциона Анализа – ТA, Скопје, Македонија; Guerilla Marketing Certificate - Triple S Learning, Скопје, Македонија; CME CVS – Continuing Medical Education Cardiology Certificate - The European Board for Accreditation in Cardiology, Прага, Чешка; IELTS (International English Language Testing System), English language Certificate, British Council, Скопје, Македонија; Сертификат за семејна медицина - III Конгрес на земјите од Југоисточна Европа по семејна медицина, Пловдив, Бугарија; Сертификат за кардиологија - IV Конгрес на земјите од Југоисточна Европа по кардиологија, Охрид, Македонија. Одлично говори англиски и германски, а има познавања и од француски, грчки, италијански и шпански јазик.