Ако често се чувствувате уморно и поспано… Ако ви недостасува енергија за да го завршите денот како што треба… Применувајте ги неколкуте совети кои денес ќе ви ги презентирам. Станете енергична личност!
Слушајте весела музика
Слушајте весела музика која ви е омилена. Нејзиниот брз ритам ќе влијае на вашето расположение, ќе го направи нервниот систем чувствителен и нема да имате проблеми со поспаноста.
Намалете го внесот на шеќер
Внесувањето на слатки е сосема нормално кога сте изморени, благото го храни мозокот, но за кратко време тој шеќер ќе се потроши, а вие нагло ќе почнете да се чувствувате изморени. Затоа, наместо благи работи во текот на денот постојано консумирајте овошје.
Избегнувајте ги луѓето кои ве “замараат”
Дали сте почувствувале дека некои луѓе ве прават изморени и ве оставаат буквално без енергија? Сметате дека така ви се присторило? Не, такви луѓе навистина постојат и доколку знаете за некој таков, едноставно избегнувајте го или намалете ја комуникацијата со него колку што е можно повеќе.
Задремете
Доколку се чувствувате премногу изморени, слободно задремете 20-минути, но само толку. Ќе го одморите нервниот систем, а потоа ќе се чувствувате поодморени. Но, не практикувајте го тоа доцна попладне бидејќи вечерта нема да можете да заспиете.
Внесувајте многу течности
Пијте многу течности добрата хидратација ви гарантира свежина и енергичност. Дехидрацијата ве прави поспани. Не мора да се ограничите на вода, можете да внесувате било какви други безалкохолни течности.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-