Ѓумбир – многу здравје сместено во мал простор

0
13

Минувајќи меѓу преполните рафтови свеж и сочен зеленчук во маркетите не е ни чудно што еден неправилен, бледо кафеав и неатрактивен корен речиси секогаш останува незабележан. Но кога би знаеле колку моќ и здравје се складирани во едно парче ѓумбир веќе следното купување ќе го побарате низ рафтовите и ќе го сместите во купувачката кошничка.

Ѓумбирот е коренесто растение кое потекнува од Југоисточна Азија. На неговата употреба се препишуваат огромен број здравствени придобивки  поради што брзо се распространил ширум светот, а до ден денес придобивките од неговото консумирање не престанале да се потенцираат. Поради неговата широка примена на пазарот е достапен како свеж, сушен, ѓумбир во прав или во облик на масло.

Поради специфичната арома и интензивниот луткаст вкус примената на ѓумбирот како свеж е релативно ограничена (меѓутоа најпрепорачлива). Многу поширока употреба наоѓа ѓумбирот во прав кој најчесто се користи за подготовка на разни ладни пијалоци и чаеви.

Ѓумбирот ја ублажува надуеноста во цревата и гасовите, ја подобрува цревната апсорбција на храната и го регулира апетитот. Го потикнува обновувањето на цревната флора со што влијае на регулирање на столицата (опстипација и дијареа). Со редовна употреба ѓумбирот го регулира варењето на храната, помага во смирување на стомачни болки и нагон на повраќање, посебно кај бремени жени. Со најновите истражувања се смета дека ѓумбирот го спречува растот на туморските клетки кај ракот на дебелото црево.

Поради своите антимикробни, антивоспалителни и антиоксидантни својства ѓумбирот влијае на подобрување на имунолошкиот систем и е добар сојузник во борба против алергии. Редовната употреба на ѓумбир во сезоната на настинки и грип ја спречува појавата на овие болести, ги олеснува симптомите и превенира компликации.

За чајот од ѓумбир се смета дека ја зголемува плодноста кај мажите, односно бројот и подвижноста на сперматозоидите и има позитивно влијание врз еректилната дисфункција. Од друга страна чајот од ѓумбир е мнофу ефикасен за намалување на менструалните болки и симптомите на ПМС.

Моќниот ѓумбир покажува своја ефикасност и во подобрувањето на психичкото здравје, односно го намалува стресот, помага при мигренозни болки и главоболки од друга етиологија (ја подобрува циркулацијата), а се смета за природен стимулатор на личноста со зголемување на силата и енергијата во текот на денот. Одредени студии покажале дека редовната употреба на чај од ѓумбир ја подобрува целокупната функција на мозокот притоа зголемувајќи ги концентрацијата и помнењето.

Посебни напомени:

  1. Кога купувате ѓумбир осигурајте се дека купувате свеж производ. Младиот и свеж ѓумбир има многу подобар вкус, а воедно и здравствените придобивки од него се многу поголеми.
  2. Бидете посебно внимателни со чајот од ѓумбир доколку имате проблем со хипогликемија, низок притисок, камења во жолчка или примате антикоагулантна терапија.
  3. И покрај големиот број здравствени придобивки се препорачува употребата на чајот од ѓумбир да се ограничи на максимум две чаши дневно.
Родена: 02.04.1992 година во Крива Палнка Основно образование(1998 -2006), ОУ “Илинден” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2006-2010), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2016 година) Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Признание од доктори.мк за особен придонес во здравствената едукација во Република Македонијс Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of Haepatite A virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Makovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа Кристина за Доктори: Доктори.мк е сајт кој го следам од самиот негов почеток. Во него гледам голем проект кој се реализира и ги надминува сите очекувања. Горда сум што добив можност да бидам дел од овој тим кој е полн со амбиции. Верувам дека Доктори.мк понатаму ќе стане симбол за он-лајн медицина во Македонија и пошироко.