Исхрана за здрава уста

доктор по стоматологија

Начинот на исхрана (диета) покрај влијанието врз телесната тежина, нивото на масти во организмот и здравјето на кардиоваскуларниот систем, имаат огромно влијание и врз здравјето на устата и забите. А бидејки усната празнина е почетен дел на системот за варење на храната, нејзината состојба има големо влијание врз здравјето на овој систем, а од таму и врз целокупното здравје на индивидуата.

Избегнувајте рафинирани шекери

Рафинираните шекери се храна на избор за бактериите во усната празнина кои го метаболизираат истите и ослободуваат киселини кои ја нагрисуваат површината на забите и предизвикуваат кариес. Храната која содрчжи рафинирани чекери како благи закуски, бонбони, карамели, чоколади и тн. има висок кариоген потенцијал. Затоа тој тип на храна треба да се користи умерено и по консумирањето на истата пожелно е да се измијат забите.

Внимателно со газираните сокови

Газираните сокови содржат високо ниво на рафинирани шекери. Покрај тоа тие содржат и многу други супстанции (како фосфорна киселина, pH регулатори и конзерванси) кои се потенцијално штетни за забите и останатите орални ткива. Киселините од нив директно ја нагризуваат забната супстанца и истовремено овозможуваат идеална средина за развој на бактериите кои користејки ги шекерите од соковите подуцираат уште повеке киселини со кои предизвикуваат кариес. Кариозните лезии кај луѓе кои претерано консумираат газирани напитоци обично се масивни, брзопрогредирачки и меки. За брзо време стугнуваат до забната пулпа и прадизвикуваат воспаление на пулпопародонталниот комплекс. Киселините исто така вршат и микрооштетувања на меките ткива во устата, со што ги прават многу полесно подложни на напади од микоорганизми.

Внимателно со кафето и обоените напитоци

Кафето и обоените напитоци (црвено вино, какао и тн) имаат влијание врз забите со тоа што вршат нивно потемнување и пожолтување. Винито исто така со своите лепливи и кисели компоненти може да има разорувачко дејсво врз забите. 

Оставете ги цигарите и алкохолот

Цигарите, жестокиот алкохол како и некои лекови прадизвикуваат сувост во устата. Со тоа е оневозможено таканареченото "самочистење на устата" со помош на протокот на плунката. Така во сува уста бактериите имаат идеални услови за непречен напад врз цвестите и меките ткива во истата.

Три балансирани дневни оброци

Со три добро избалансирани оброци во денот, бактериите немаат способност да продуцираат доволно количество на киселина која ке предизвика појава на кариес.
 Под избалансирани оброци се подразбира умерен внес на јаглехидрати, масти и протеини, како и витамини и минерали. Тука спагаат сложените јаглехидрати (варени компири, житарици и секоја храна богара со диетални влакна), протеини (месо и млечни производи, риба и тн.) и масти (здравите масти се наоѓаат во јаткасите плодови како лешници, бадеми и тн). Покрај тоа не смее да се заборави и косумирањето на свежо овошје и зеленчук кои се богати витамини, минерали и диетални влакна.

Џвакајте мастики

Мастиките кои не содржат шекери во својот состав имаат и те како полезно влијание во хигиената на устата и забите. Со џвакањето мастики се врши механичо чистење на површините на забите, а истовремено се стимулира и лачење на плунка која има додатно дејство во промивањето на усната празнина. 


-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Повеќе за авторот>>>

www.doktori.mk, 03.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина