Темната страна на убавината

доктор на медицина

Обично пакување на шампон содржи дваесетина различни состојки наведени на амбалажата од кои повеќето се произведени во лабораторија. Се разбира, декларациите се разбирливи за мал број луѓе без диплома по хемија или други сродни науки.

Опасните и сомнителни состојќи можеме да ги набројуваме до недоглед, затоа еве само неколку факти на кои треба да се обрне внимание:

  • Многу сапуни во течна или цврста состојба воопшто не содржат ни една честичка сапун. Тоа се всушност, детергенти во комбинација со хемикалии како натриум таловат (се добива од животинска маст), натриум кернелат, натриум палминат, лаурил сулфат, полисорбат 20 (многу од нив се користат во тешката индустрија).
  • Многу бои кои се користат во козметиката, обично означени со буквите "CI" и соодветната бројка, се познати по надразнувањето на кожата и потенцијално се канцерогени, а некои од нив содржат и алуминиум.
  • Антибактериски состојки, парадоксално, поврзани се со појава на бактерии отпорни на антибиотици.
  • Редовна употреба на пенливи купки е поврзaна со урогенитални инфекции, додека натриум лаурил сулфат (SLS) кој создава пена и го поправува вкусот на забната паста може да предизвика силна надразливост на кожата и акни на устата
  • Флуорид, кој го содржат скоро сите забни пасти, е широко употребуван инсектицид (пастите со многу високи концентрации на флуорид при голтање на поголема количина може да бидат и смртоносни за мали деца).
  • Повеќето антиперспиранти содржат алуминиум, а неговата употреба неодамна беше во центар на дискусија меѓу стручњаците, бидејќи е потврдена врската помеѓу алуминиумот и Алцхајмеровата болест.
  • Некои дезодоранси содржат триклозан, антибактериско средство кое во експериментални услови на животни се покажало како предизвикувач на црнодробни оштетувања, а некои имаат дибутилфталат (DBP), хемикалија поврзана со хормонални и репродуктивни пореметувања.

Затоа, не им верувајте на сите "научно докажaни" средства кои ги гледате на телевизија и на плакатите, бидејќи тие нема да ве направат ни почисти, ни посреќни, а ни поздрави. Користете го само она што ви е најнеопходно, а уште подобро, многу козметички средства можете да ги направите во домашната работилница без употреба на штетни хемикалии. Ќе се изненадите колку тие можат да ви бидат пријатни и делотворни.

www.doktori.mk, 03.05.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина