Инфекциите на респираторниот тракт се меѓу најчестите болести во детството. За повторливи респираторни инфекции станува збор кога има појава на повеќе од 6 инфекции кај децата под шест години.
Во првите 6-12 месеци – детето ги употребува заштитните антитела добиени од мајката пред раѓањето, затоа што неговите се уште не се целосно развиени. Првиот контакт со другите деца (градинка, училиште) носи и изложеност на различни заразни болести од другите деца во групата.
Децата под петгодишна возраст главно страдаат од вирусни инфекции. По влегувањето во училишна возраст доминираat бактериски инфекции.
Рекурентните респираторни инфекции се многу вообичаени.Тоа се пред се инфекции на горниот респираторен тракт (нос и параназалните синуси, средното уво, тонзилите и грло), додека на долниот респираторен тракт забележуваат кај околу 10 до 30 проценти од децата.
Повторливи но благи инфекции – особено на горниот респираторен тракт (на пример, настинка) – се чести во детството и кај повеќето деца не е потребна дополнителна медицинска терапија со антибиотици.
Koлку често заболуваат децата?
Помали деца (1-5 години)
6-8 епизоди на респираторни инфекции со блага клиничка слика и се разбира со добар одговор на конвенционалната терапија во есенските и зимските месеци
Постари деца (6-12 години)
6-8 епизоди на респираторни инфекции со блага клиничка слика и се разбира со добар одговор на конвенционалната терапија во есенските и зимските месеци.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-