Без разлика дали сте во долга врска или не, процесот на заведување на партнерот треба да биде постојан, и да се одвива перманентно чекор по чекор. За да ја одржувате вашата врска постојано интересна и убава, треба да го натерате вашиот партнер постојано да се заљубува во вас. Како ова да го изведете? Пред се зависи од вашата креативност, ако таа во моментот ви недостасува, еве неколку совети кои според мене секогаш функционираат.
Новиот изглед секогаш привлекува – уништете ја монотонијата
Монотоноста е најголемиот непријател на една врска, доколку вашиот карактер, вашиот стил и вашиот изглед се постојано исти или монотони, голема е веројатноста да дојдете во ситуација кога ќе ви биде досадно, а досадата и монотоноста, предизвикуваат караници и расправии кои водат до крај на врската. Затоа често правете промени на вашиот изглед, менувајте ја фризурата, стилот на облекување, напревете тој секогаш да ве погледнува со различен сјај во очите. Иновативноста не се состои само во изгледот, туку и во постапките. Постојано менувајте го местото на излегување купувајте различни не мора скапи, туку интересни подароци и тогаш кога нема повод за тоа, експериментирајте, тоа е цената на една успешна врска.
Незаборавна масажа – секогаш добра идеа
Иако себеси можеби се сметате за тотален аматер кога масажите се во прашање, сепак обидете се со прости движења и оставете се на спонтаноста. Притоа користете етерични масла кои имаат ефект на опуштање. Ќе му приредите толкаво уживање, што со сигурност нема да ви остане должен.
Одлучност – неодолив и цврст карактер
Секогаш имајте одлучен и цврст карактер, за секоја девојка е важно да има свои цели и норми кои јасно ќе му бидат познати на партнерот. Иако ова многу луѓе го сметаат за проблем според мене, цврстиот карактер е доблест за една девојка, бидејќи тоа иако навидум проблем е предизвик за партнерот, никогаш не препуштајте се целосно на желбите на вашиот партнер, бидејќи ако партнерот ве добие во целост, неговата желба кон вас ќе спласне, бидејќи нема да има во што повеќе да се труди. Бидете помалку и мистериозна, нека се труди секогаш да ја разоткрива таа мистерија.
Наоѓајте брзи и логични решенија – имајте почит
Доколку партнерот искрено ви вели дека оваа вечер има работа која е неодложна и е важна, заради тоа неможе да излезе со вас, сфатете го тоа веднаш и не притискајте повеќе имајте разбирање, кажете дека ќе почекате до утре и дека нема да има проблем, со тоа ќе овозможите тој безгрижно да си ја заврши работата, а и ќе си го подигнете угледот во неговите очи.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-