Јазични пореметувања кај децата

0

Кај развојните говорни пореметувања доаѓа до оштетување на квалитетот, ритамот и изговорот на гласови и можат да бидат поврзани со структуралните абнормалности како што се расцеп на непце, или со невромускулни пореметување како што е церебрална парализа.

Кај децата со стекнати говорно –јазични пореметувања карактеристично е почеток на пречките после периодот на нормалниот јазичен развој и подразбира стекната афазија во детството. Овие деца покажуваат клинички профил кој се разликува и од развојните и од пореметувањата кај возрасните.

Диференцијалната дијагноза на примарното развојно пореметување не може да му се препише на општиот когнитивен дефицит , на оштетувањето на слухот или на неповолните средински услови.

Неуроразвојните пореметувања на јазикот се состојат од различни примарни развојни јазични пореметувања. Еве како би се прикажале

– Пореметување на гласот ( дисфонија )
– Моторни јазични пореметувања ( дизартрии)
– Говорно јазично пореметување предизвикано од оштетување на слухот
– Говорно јазично пореметување предизвикано од неповолни средински фактори итн

Неуроразвојните пореметувања на јазикот можат да бидат класифицирани во подгрупи на специфични и первазивни развојни пореметувања.

• Специфични

– Развојни фонолошки пореметувања
– Развојна апраксија на говорот
– Специфични развојни пореметувања на јазикот ( развојна афазија )
– Развојни пореметувања на читањето ( дислексија )

• Первазивни

– Инфантилни аутизам

Јазичните пореметувања кај децата се класифицираат во зависност од времето на нивното настанување

-развојни јазични пореметувања – кои настанале пред почетокот на развојот на јазикот од раѓање до прва година

-стекнати јазични пореметувања –почнуваат после појавата на јазикот од 3 до 12година.

*Нивои на јазична развиеност кај децата со јазични пореметувања

-прво ниво ( постигнуваат само најелементарни фонациони облици на неартикулисан крик, не го разбираат говорот и немаат никакпв вербален контакт
-второ ниво ( не го разбираат говорот но имаат природна вокализација)
-трето ниво ( сваќаат самом строго конкретни говорни ситуации )
-четврто ниво ( го разбираат секојдневниот говор но ништо не зборуваат)
-петто ниво ( располагаат со 5-6 двосложни зборови)
-шесто ниво ( имаат поголем број на зборови, но не ги поврзуваат во реченица)
-седмо ниво ( располагаат со проста реченица во сегашно време, со оскуден лексички фонд )
-осмо ниво ( не ја познаваат структурата на повеќесложните зборови, содржајната страна на говорот им е сиромашна )
-деветто ниво (имаат тешкотии со дискриминација на сонантите и африкатите)
– десетто ниво ( многу вербализираат но содржината на поимот е празна , градена на мал број представи и недоволно доживеано искуство )

За развојот на јазикот и говорната реедукација сепак најважно е менталното ниво на детето. Јазичниот развој започнува во предговорната фаза. Тоа е фаза на акумулирање на говорните поттикнувања кои доаѓаат од средината во која детето живее.

Основна цел на логопедската работа е развој на јазикот, јазичните структури и формирање на внатрешен говор и јазично помнење како и развојот на надворешната манифестација на јазикот, односно говорот кој служи на активна комуникација на социјален план.