Прва помош при фрактура

0

Секој од нас, без разлика дали е медицинско лице или не, во секојдневието може да биде затекнат од несакана ситуација во која може да е загрозен и животот на наш пријател или случаен минувач. Навременото, би рекол, реагирање, е многу важно. Токму од таа причина, следат неколку медицински совети за укажување на итна помош при настанување на фрактура.

Фрактура претставува скршена коска и побарува итно медицинско лекување. Ако скршеницата е резултат на потешка траума или повреда, веднаш повикајте брза помош. Исто така, повикајте ја брзата помош ако:

  • Личноста не дава одговор на дразба, не дише или не се движи. Почнете со реанимација ако нема пулс или дишење.
  • Ако има тешко крварење.
  • Ако дури и мал притисок или движење предизвикува јака болка.
  • Ако зглобот изгледа деформирано.
  • Ако коската ја има пробиено кожата.
  • Ако повредената рака или нога е неосетлива на дразба.
  • Ако се сомневате за повреда на вратот, главата, ‘рбетниот столб или карлицата.

 

Не ја поместувајте повредената личност, освен ако со тоа се избегнува понатамошна повреда. Применете ги следниве постапки додека ја чекате брзата помош.

  • Запрете го крварењето – ако го има. Аплицирајте притисок на раната со стерилен завој или со чисто парче облека.
  • Имобилизирајте ја повредената регија. Не се обидувајте да ја наместите коската, или пак да ја вратите на место ако ја има пробиено кожата.
  • Аплицирајте мраз за да се лимитира отокот и да се намали болката. Не аплицирајте мраз директно на кожата, замотајте го мразот во пешкир или во некое парче облека.
  • Третман за шок. Ако личноста чувствува дека ќе ја изгуби свеста, или дише брзо и плитко, поставете ја во легната положба со главата на пониско ниво од трупот и ако можете елевирајте ги нозете.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Стеван Цветкоски е роден на 22.03.1985 год. во Прилеп, каде го завршува своето основно и средно медицинско образование. Дипломира на Медицинскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 2011 година и се стекнува со титулата доктор на општа медицина. За време на студирањето активно е вклучен во Сојузот на Студенти и Студентскиот Парламент на Медицински Факултет како: Во август 2010 год. работи на Оперативен оддел и Оддел за патолошка бременост при „Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство” – Скопје, Р.Македонија. Во периодот мај 2012 – април 2013 работи како доктор по општа медицина во Поликлиника НЕУРОМЕДИКА – Скопје. Моментален ангажман: Специјализант по трауматологија и ортопедска хирургија ( Баден-Вуртемберг, Сојузна Република Германија). Д-р Стеван Цветкоски во текот на својата богата активност има посетувано медицински конференции во Република Македонија и надвор од неа и се има стекнато со многу вештини од областа на медицината, како и надвор од тоа поле, меѓу кои се и тимската работа, односи со јавност, организациони способности, стратешко планирање, говорни вештини, како и многу други. Одлично ги познава англискиот и германскиот јазик. Член на Извршен Одбор на Сојуз на Студенти на Медицина на Македонија при Медицински Факултет – Скопје, 2007-2008; Генерален Секретар на Студентски Парламент на Медицински Факултет – Скопје, 2008-2010; Член на Наставно-Научен Совет на Медицински Факултет – Скопје, 2008-2010; Член на Комисијата за Настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, 2008-2009; -Чест и задоволство е да се биде дел од тимот на Доктори.мк. Ова е одлично место каде што еден млад доктор со свои статии може да придонесе за здравствената едукација како на обичните читатели, така и на медицинскиот кадар. Едно големо браво за идејата за веб-сајтот и за професионалниот уреднички тим кој ги обединува докторите од целата држава на ваков интересен начин.