Педофилите се мета на бурни реакции на секаде во светот. Осудувани се со најстроги казни и критикувани од целиот свет.
Секако ова е оправдано, бидејќи секој родител сака да го заштити своето дете од можна злоупотреба. Но кои се педофилите всушност, како да ги препознаеме и дали тие се свесни за своите постапки?
Каков карактер имаат педофилите?
Педофилите по природа не се агресивни луѓе, колку и ова да звучи чудно или иронично сепак педофилите ги сакаат децата и доколку не би преовладувале перверзни чувства тие би биле сосема нормални луѓе и одлични родители. Сепак педофилите се робови на своите нагони, тие не избрале да бидат такви, но нагонитите ги диктираат нивните однесувања, па затоа и дискутабилно е прашањето како треба да се осудуваат и лекуваат.
Како педофилите ја придобиваат жртвата?
Педофилите најчесто ја користат неинформираноста на младата жртва кое во најголем број случаи незнае што се случува и за се смета дека е игра и дека не е ништо сериозно. Бидејќи жртви се најчесто мали деца тешко е да им се објасни што е педофилија и како да се заштитат. Педофилите како жртва обично користат деца кои ги познаваат, соседи, роднини или блиски пријатели на неговите родители, бидејќи децата во нив имаат доверба и не размислуваат дека тие можат да им наштетат на било кој начин. Тие со нив се особено љубезни често им купуваат подароци без никаква причина и поминуваат време подолго со нив како љубители на децата. Педофилите целата работа ја изведуваат така да изгледа како игра, и децата обично сфаќаат дека е игра, но најчесто педофилите се откривани поради тоа што им запретуваат на децата да не споменуваат на никој за нивната игра или им нанесуваат телесна болка на децата при што тие сфаќаат дека не се работи за игра.
Како да препознаеме педофил и дете жртва на педофил?
Педофилите како што веќе рековме не се насилни луѓе-тие подмолно ги наговараат и злоупотребуваат жртвите, па така во педофилите не треба да бараме ароганција, туку спротивно тие обично се нежни и љубезни кон децата, исто така скришно даваат подароци на децата при што ги приврзуваат кон себе. Секогаш кога вашето дете ќе има нов предмет, играчка, или било што, што вие не сте му го купиле, секогаш прашајте го кој и зошто му го дал, тие можат да бидат потенцијална жртва на педофилија.
Доколку вашето дете го смени односот кон вас и околината, доколку се однесува чудно кога ќе се спомене нечие име, седнете и поразговарајте што точно му прави проблеми. Запомнете дека детето секогаш ќе биде искрено и се ќе ви признае доколку со него се однесувате љубезно и му гарантирате заштита, без разлика дали се работи за педофилија или било каква друга проблематика која му представува проблем.
Не секој маж кој ги сака децата е педофил. Не етикетирајте и не се сомневајте на секој човек што ќе се доближи на вашето дете го прегрне или му купи некој подарок, сепак доколку ова продолжи да се повторува често дознајте дали навистина е само обичен љубител на децата или во него има нешто сомнително.
Децата се нашето најголемо богатство
Со нив треба да постапуваме паметно и внимателно. Само така ќе ги заштитиме од можни злоупотреби по било која основа.
– Авторски текст, кој во ниеден свој дел не крши туѓи авторски права, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување –