Рак на панкреас

0

Се вели дека е “тивка болест” затоа што во раната фаза од нејзиниот развој најчесто не предизвикува никакви тегоби.

Вовед

За оваа болест се вели дека е”тивка болест” затоа што во раната фаза не предизвикува симптоми. Ракот на панкреас меѓу сите видови на рак е застапен со 2%. Ризикот од појава на болеста расте со возраста, и ретко се појавува кај лица помлади од 30 г. Ракот на панкреас се одликува со брз и агресивен раст, со ширење до најблиските органи, лимфните јазли и создавање на далечни метастази.

Во времето на дијагностицирање на болеста поголемиот број на случаи се напредни и долгорочното преживување статистички е помало од 20%.

Што претставува панкреасот

Панкреасот е жлезда сместена во абдоминалната празнина која припаѓа и на дигестивниот систем и на системот на ендокрини жлезди. Во него се создаваат ензими за варење на храната (амилаза, липаза, трипсин, химотрипсин) и хормони (инсулин, глукагон, соматостатин, панкреатичен полипептид) Некои од хормоните кои ги лачи панкреасот делуваат локално на дигестивниот систем, а други делуваат системски во целиот организам.

Симптоми

Симптомите кои се појавуваат во раниот стадиум на болеста се неспецифични и се припишуваат на широка палета на болести и состојби. Такви се на пример чувството на надуеност на стомакот по јадење, чувството на нелагодност во абдоменот, мачнина, анорексија, слабеење и др.

Симтоми кои се поспецифични за заболувањето се појавуваат најчесто кога туморот ќе порасне. Такви се болка во стомакот, жолтица и повраќање. Примарен симптом е болка во стомакот, најчесто во неговиот горен дел со ширење кон грбот. Во тек на болеста доаѓа до намалување на телесната тежина и намалување на апетитот. Кај 50-80%од случаите (во зависност од локацијата) се јавува жолтица- жолтило на кожата и на белките од очите.

Алармантен симптом кој мора да го наведе пациентот да се јави на лекар е појава на жолтица која не е пратена со болка.

Клетките на ракот ги потиснуваат нормалните клетки на панкреасот, а со тоа и неговата функција, па следствено може да се развие шеќерна болест или интолеранција кон глукоза. Во одредени случаи може да настане акутен панкреатитис или длабока венска тромбоза.

Фактори на ризик

-Пушењето се поврзува со 25-35 % од случаите на хроничен панкреатитис.

-Хроничниот панкреатитис се поврзува со значително зголемен ризик од настанување на рак

-позитивна семејна историја

-направилна исхрана со високо ниво на масти и протеини

-ризикот се зголемува со возраста на пациентите

-изложеност на токсични материи пестициди, бензидин и др

Дијагностицирање

Некои од туморските маркери кои се зголемени и кај другите гастроинтесинални канцери може да бидат покачени. Сепак, за ракот на панкреас не постои спечифичен туморски маркер

Со напреднувањето на болеста се очекува зголемување на нивото на билирубини, ГГТ, хипопротеинемија и потхранетост.

Ехографија на абдоменот и КТ се важни иследувања кои можат да водат кон правилна дијагноза на болеста.

Ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија – ЕРЦП овозможува визуелизација на отворот на главниот панкреатичен канал во дуоденумот, преку него снимање со контраст за да се покаже каналниот систем на панкреасот, каналниот систем на црниот дроб и жолчните патишта, и овозможува земање на примероци за испитување на содржината на панкреатичните екскрети.

Лекување

Лекувањето зависи од фазата во која се наоѓа ракот во моментот на неговото откривање (метастази, инфилтрација на околното ткиво и други коморбидитети)

Тераписките пристапи се: хируршко отстранување на панкреасот, доколку се зафатени отстранување на соседните органи и/или хемотерапија и радиотерапија.

За намалување на болката се користат анелгетици и нервни блокови.

За намалување на жолтицата и штетните ефекти од покаченото ниво на билирубините како се врши дренирање на жолчката надвор од телото или премостување на опструраните патишта и нејзино дренирање во дуоденумот.

Д-р Бојан Шешоски, роден 1985г во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид. Дипломира на Mедицинскиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" од Скопје во 07.2009г со просечен успех 9.62. професионално искуство доктор на медицина - ЈЗУ "Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања" - Охрид (2010-во тек) посетува едномесечен тренинг на Клиниката за ортопедија при Медицинскиот универзитет во Грац, Австрија (08.2009) како член на ССММ (Сојуз на студенти по медицина на Македонија) работи во одделот за студентски размени како локален офицер за размена (LEO) во Охрид (2004/2009); Учествува на субрегионален тренинг на IFMSA-Меѓународна федерација на медицинските студентски асоцијации (05.2009) останато Претставник на Р Македонија во следните младински лидерски програми: “Seeds of Peace - international conflict resolution program” - програма поддржана од Обединетите нации. Учесник на два едномесечни кампови во Мејн, САД и повеќе работилници (2001- 2011); учествува во SEEYLI (Младински лидерски институт за југоисточна европа) во Балтимор, Мериленд, САД - програма на Стејт департментот на САД администрирана од ИОО, IDEA и Towson University (2002); учествува во меѓународниот проект “Children of Аbraham" (2004г);