Јаболкото е навистина здраво овошје. Содржи малку калории, а изобилува со растителни влакна кои имаат поволно влијание на дигестивниот тракт и го зголемуваат чувството на ситост. Јаболкото е добар извор на витамин Ц, витамин А, витамин Б1, Б2, Б6, ниацин, витамин Е, железо, антиоксиданси и др.
Јаболко со средна големина содржи околу 80 калории или тоа би било околу 50 калории на 100 гр. Бројот на калории лесно може да варира во зависност од видот на јаболкото, неговата зрелост и секако големината.
Многубројните истражувања покажуваат дека јаболкото го намалува ризикот од настанување на рак на дебелото црево, простатата и белите дробови. Секојдневната консумација на јаболка го намалува и ризикот од настанување на кардиоваскуларни заболувања, понатаму помага при справување со покачениот холестерол во крвта, го забрзува процесот на слабеење, превенира настанување на деменција и др.
Не за џабе се вели: “едно јаболко на ден го чува вашето здравје “. Без разлика на изборот – црвено жолто или зелено, препорачуваме да го јадете јаболкото свежо, бидејќи тогаш неговата хранлива вредност е најголема.
Добар апетит!