Секои 30 минути по еден пациент со мозочен удар умира или се здобива со траен инвалидитет поради тоа што не е третиран на соодветен начин

0

Се проценува дека секои 30 минути по еден пациент умира или се здобива со траен инвалидитет поради тоа што не е третиран на соодветен начин и во специјализирани центри, а не поради самиот мозочен удар

Во Македонија годишно има повеќе од 5300 нови случаи на мозочни удари, во моментов над 21 000 Македонци се борат со последиците на мозочниот удар, а годишно 4500 од сите болни умираат поради мозочниот удар. Мозочниот удар е се уште прва причина за инвалидитет кај возрасното население и втора причина за смртност.

И додека третманот на мозочните удари во светот напредува што резултира со значајно намалување на смртноста и инвалидитетот кај болните, во Македонија и регионот се уште сите пациенти немаат еднаков и оптимален треман на МУ.

Се проценува дека секои 30 минути по еден пациент умира или се здобива со траен инвалидитет поради тоа што не е третиран на соодветен начин и во специјализирани центри, а не поради самиот мозочен удар. Помалку од 1/3 од сите пациенти со МУ се третрани во центри за мозочен удар каде би имале пристап до специјализиран тим, соодветен третман и потребни дијагностички процедури.

Според податоците од истражувањата низ Европа 24% од пациентите со исхемичен мозочен удар(предизвикан од тромб) се потенцијални кандидати за третман со интравенска тромболиза –третман за разградување на тромбот, но на жалост само 3.3 % имаат пристап до овој третман особено во земјите од нашиот регион. Но во земјите од западна и северна Европа тој процент е многу повисок. Во Хелсинки во 2011 година 31% од пациентите со исхемичен мозочен удар биле третирани со тромболитичка терапија.

И додека очекуваме третманот на мозочен удар во Македонија да се подобри и оптимизира, во Европа во тек се повеќе студии посветени на новите и напредни третмани на мозочните удари.

Бидете информирани

Во продолжение ве информираме за две големи нови мултимилионски Европски студии од кои лекарите очекуваат подобрување на исходот од мозочниот удар.

TENSION – е голема нова меѓународна студија чија цел е да ги прошири придобивките од механичката тромбектомија. Тромбектомијата е третман за одредени видови на акутен исхемичен мозочен удар при кој може да се користат специјално дизајнирани механички уреди со кои се крши и отстранува тромбот од крвниот сад во мозокот. Оваа постапка се спроведува од високо квалификуван кадар и бара посебни болнички капацитети.

Студијата ќе вклучи 714 пациенти од осум европски земји и проектот ќе трае 5 години од февруари 2018 година. TENSION е координирана од проф. Д-р. Гетц Томала од Универзитетската клиникa Еппендорф во Хамбург и проф. Д-р Мартин Бендзус од Университетската клиникa во Хајделберг, а финансирана од програмата Хоризонт 2020 на Европаската Унија.

Проф. Томала изјави: “ТENSION е студија посветена на огромен здравствен проблем и ќе обезбеди докази за ефикасна терапевтска интервенција на пациентите со мозочен удар. Ова значи дека ќе добиеме подобри индивидуални исходи на пациентот и ќе го избегнеме инвалидноста поврзана со мозочен удар кај голем број пациенти. На општествено ниво, новиот третман ќе помогне во намалувањето на трошоците поврзани со мозочниот удар “.

PRESTIGE-AF

Друг мултимилионски проект е на проектот PRESTIGE-AF чија цел ќе биде собирање докази околу препорачаните лекови за превенција на мозочен удар кај пациенти со атријална фибрилација. Проектот е вреден 6,9 милиони евра. Наменет е за пациенти со атријална фибрилација (АФ), честа состојба на срцето која предизвикува неправилно и абнормално брзо отчукување на срцето при кое се создаваат тромби кои завршуваат во мозокот. Но во оваа студија се проценува безбедноста на третманот за превенција на тромб после прележано крварење во мозокот (наречено интрацеребрална хеморагија).

Превенцијата на мозочен удар кај преживеаните по мозочно крварење со атријална фибрилација ги спојува научниците и клиничарите ширум Европа. Целта на третманот е да се намали ризикот од мозочен удар поради тромб кај оваа група на пациенти а да не дојде до мозочно крварење, бидејки лековите кои го превенираат создавањето на тромби ја разредуваат крвта.

Петгодишниот проект ќе го води професорот Роланд Велткамп од Одделот за медицина на Кралскиот колеџ во Лондон и вклучува 11 други партнерски институции низ цела Европа. Професор Велткамп рече: “Превенција на мозочен удар е предизвик кај ранливите пациенти со мозочен удар со повеќебројни ризици и болести . Токму оваа комплексност ја отежнува изработката на најдобрата индивидуална превентивна стратегија за одреден пациент.

Работејќи со нашите меѓународни партнери преку иницијативата PRESTIGE-AF се надеваме дека ќе се справиме со некои од до сега неисполнетите потреби на овие пациенти и ќе развиеме повеќе персонализирани третмани. Превенцијата е клучна, и во крајна линија имаме за цел да спречиме удар и влијанието што го има врз животот на пациентите.”

Здружение за борба против мозочен удар ,,Мозочен удар,, Македонија http://www.mozocenudar.mk/

Stroke Alliance for Europe- Macedonia  http://www.safestroke.eu/

Д-р Благоја Стефановски е роден на 03.11.1984 год. во Охрид, каде го завршува своето основно и средно образование. Дипломира на Медицинскиот Факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 2009 година. За време на студирањето во повеќе наврати се вклучува во активностите на Медицинскиот студентски сојуз. За споменување се ангажманот како претседател на Локалната програма за студентска размена во Охрид во 2008 г. и учеството во организацијата на Генералното годишно собрание на IFMSA (International Federation of Medical Students’ Associations) кое во август 2009 г. се одржа во Охрид. Во август 2008 г. стажира на Универзитетската клиника по гастро-ендокрина хирургија во Вроцлав, Полска. Активист е во Националната фондација за трансплантација и Црвен Крст - Охрид. Сертификати и признанија: Учество во организација и партиципација на кардиолошка меѓународна работилница – „CTO – Tips and tricks, with George Sianos“, Охрид 05.04.2012. Благодарница од Македонско Лекарско Друштво - За активно учество во извршувањето на целите и задачите на МЛД, 07.04.2013. Во периодот јуни-јули 2013 г. успешно минува програма на медицинска едукација за кардијална катетеризација и ангиографии на Кардиолошкото одделение во болницата Florence Nightingale во Истанбул, Турција, под менторство на проф. д-р Ведат Ајтекин и проф. д-р Нуран Јазиџиоглу. Презентирање на тема: „One-year clinical outcomes of percutaneous treatment with drug-eluting balloons: Results from our Center's registry“ на 5-тиот Македонски Кардиолошки Конгрес, јуни 2014 г. Во периодот август-септември 2015 г. минува програма на медицинска едукација од областа на интервентната кардиологија на Кардиолошкото одделение во болницата Liv во Улус, Истанбул, Турција, под менторство на д-р Алп Бурак Чатакоглу и д-р Енис Огуз. Учество во организација и партиципација на меѓународна работилница: „Периферна артериска болест, предизвици и третман“, со главен едукациски инструктор д-р Ара Угурлуоглу, Мецицински Универзитет Парацелзус – Салцбург Австрија, во Охрид 18.12.2015. Професионален ангажман: ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања - Охрид, специјализант по кардиологија. Наша цел е да ги активираме, а потоа и поврземе докторите по медицина и стоматологија од Р.Македонија. Само со Ваша помош и вклучување, можеме да направиме оваа веб-страна да стане вистински форум на здравјето и место кое сите доктори во државава ќе го чувствуваат како свое.