Крвната група 0 е најраспространетата крвна група во светски рамки. Претставниците на оваа крвна група имаат добар дигестивен систем и полесно ги разложуваат протеините од животинско потекло, па затоа најмногу им се препорачува да консумираат месо.
Освен месо, потребно е да консумираат и овошје и зеленчук, а да ја сведат консумацијата на јаглехидрати на минимум. Најдобрите диети за крвната група 0 се оние кои содржат многу протеини и малку јаглехидрати, а во кои се избегнува консумирањето на млечни производи.
Луѓето со крвна група 0 се подложни на одредени болести, како чир и проблеми со тироидната жлезда. Претставниците на оваа група имаат многу поголемо ниво на стомачни киселини од другите, па чировите се последица на тоа. Исто така, почесто страдаат од замор, задржување на течности во телото и зголемување на телесната тежина.
Некои веруваат дека крвната група влијае и врз карактерот. Се смета дека претставниците на крвната група 0 се одговорни, имаат лидерски способности, организирани, решителни, објективни и практични. Но, кога се под стрес, покажуваат знаци на бес, хиперактивност и импулсивност.
Диета
ПРЕПОРАЧАНИ |
НЕУТРАЛНИ |
ДА СЕ ИЗБЕГНУВА |
Месо |
||
биволско |
зајачко |
сланина |
Риба |
||
пастрмка |
ајкула |
октопод |
Млеко и млечни производи |
||
/ |
моцарела |
кравјо сирење |
Јајца |
||
/ |
кокошка |
гуска |
Зеленчук |
||
брокули |
краставица |
карфиол |
Овошје и овошни сокови |
||
свежи и суви сливи |
ананас |
портокали |
Зрнеста храна |
||
/ |
ориз |
јачмен |
Јаткасти плодови и семки |
||
семки од тиква |
бадем |
афион |
Мешунки |
||
/ |
боранија |
леќа |
Масла |
||
маслиново |
рибино |
сончогледово |
Пијалоци |
||
газирана вода |
вино |
жесток алкохол |
Билки и зачини |
||
кари |
анасон |
црн и бел пипер |
Додатоци за вкус |
||
/ |
квасец |
кечап |
Засладувачи |
||
/ |
мед |
декстроза |
Физичка активност
Луѓето со крвна група 0 треба многу поредовно да практикуваат физичка активност затоа што кај нив физичкото и психичкото здравје многу повеќе зависат од вежбањето, во споредба со луѓето од другите крвни групи. Д’Адамо препорачува редовна физичка активност 3-4 пати неделно. За најдобри резултати претставниците на нултата крвна група треба да се вежбаат аеробик 30-45 минути барем 4 пати во текот на една седмица.
Препорачани активности: интензивни аеробик вежби, боречки вештини, вежби со тегови, трчање.
Дополнителни совети
Освен диетата и препораките за физичка активност, Д’Адамо дава и дополнителни совети како луѓето со крвна група 0 можат да си го подобрат животот. Еве некои од нив:
- Секој оброк јадете го седнати на маса и џвакајте ја храната бавно.
- Редовно вежбајте, барем 3-4 пати неделно.
- Секогаш кога сте вознемирени, започнете некоја физичка активност.
- Не трошете многу пари и не донесувајте важни одлуки кога сте под стрес.
- Правете си конкретен јасен план за задачите и обврските (месечен план, годишен план).
- Кога правите промени во начинот на живот, воведувајте ги постепено, а не наеднаш.
-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-