Орални контрацептиви – повеќе од само пилула против несакана бременост

0
Health - Oral contraception (Pill)...Blister packs of Cilest,Dianette and Marvelon combined oral contraceptive pills (oestrogen and progestogen) ... Health - Oral contraception (Pill) ... 01-06-2007 ... UK ... Photo credit should read: Pulse Picture Library/Pulse Picture Library. Unique Reference No. 4866594 ...

Сите ние помислуваме на оралните контрацептиви само како на еден од начините за превенција на несакана бременост. Оралните контрацептиви содржат прогестин (синтетски прогестерон), а комбинираните содржат и синтетски естрогени. Со конзистентна и правилна употреба, оралните контрацептиви се многу ефикасен метод на контрацепција.

Но, дали знаевте дека постојат други медицински состојби поврзани со репродуктивното здравје кои можат да се третираат со оралните контрацептиви?

Овој пат прочитајте и за другите бенефиции од употребата на оралните контрацептиви.

 

*Состојбите се наведени според Американската Академија на доктори по семејна медицина:

  • 1. Акни

Акните се асоцирани со зголемено количество на андрогени хормони, а оралните контрацептиви го намалуваат нивото на андрогени. Ова дејство зависи од специјалната комбинација на хормони во даденото орално контрацептивно средство. Во студија на Американската Академија на доктори по семејна медицина, 83% од испитаниците кои примиле norgestimate и ethinyl estradiol се изјасниле дека состојбата со акните се подобрила по 6-месечен третман.

  • 2. Болка во градите

Оралните контрацептиви можат да се употребат за третман на цикличната болка во градите, т.е. болката асоцирана со менструалниот циклус.

  • 3. Дисменореа

Иако FDA (U.S. Food and Drug Administration) не ја одобрува употребата на оралните контрацептиви кои примарно се препишуваат за олеснување на симптомите на менструалните болни грчеви, жените кои ја употребуваат “пилулата” ретко доживуваат менструални тегоби.

  • 4. Ектопична бременост

Според CDC (Centers for Disease Control) постои контроверзност околу тоа дали оралните контрацептиви ја превенираат ектопичната бременост. Колку за потсетување, ектопичната бременост се случува кога оплодената јајце клетка не се имплантира во матката, туку најчесто останува во Фалопиевите туби (јајцеводите).

  • 5. Ендометриоза

Комбинираните орални контрацептиви се ефикасен третман за ендометриозата. За жал, несаканите ефекти (ирегуларно крварење, задршка на течности во организмот, депресија), ја направија оваа опција неподнослива за многу жени.

  • 6. Функционални оваријални цисти

Овие цисти се најчестиот тип на оваријални цисти, кои вообичаено се повлекуваат во рок од 2-3 менструални циклуси. Оралните контрацептиви можат да го спречат создавањето на овие цисти преку попречување на овулацијата.

 

  • 7. Хирзутизам (зголемена влакнетост од машки тип кај жените)

Полицистичниот оваријален синдром (PCOS) е најчестата причина за зголемена влакнетост кај жените. Оралните контрацептиви стабилизираат 50% од случаите на хирзутизам предизвикани од PCOS.

  • 8. Метрорагија

Жените кои што имаат неправилно крварење од матката надвор од регуларните менструални периоди можат да ги регулираат своите менструални циклуси со помош на оралните контрацептиви, доколку после направените детални медицински прегледи не е воочено дека крварењето е симптом на некое друго посериозно органско нарушување.

  • 9. Mittelschmerz – болка во средина на менструалниот циклус (во периодот на овулација)

Оралните контрацептиви го блокираат напливот на хормони кој се случува пред овулацијата со што помагаат во олеснувањето на оваа болка.

  • 10. Рак на овариумите и рак на еднометриумот

Жените кои употребуваат орални контрацептиви имаат за 50% помала шанса да добијат некој од овие типови на малигна болест.

Но, важно е да се напомене дека постои зголемен ризик од развивање на рак на града и рак на грло на матка кај жените кои користат орални контрацептиви повеќе од 5 години.

  • 11. Предменструален синдром (ПМС)

Многу од жените кои користат орални контрацептиви доживуваат помалку ПМС симптоми. Како и да е, и други третмани и модификации на животниот стил исто така можат да придонесат кон олеснување на овие симптоми.

  • 12. Фиброидни тумори на матката

Според National Library of Medicine, оралните контрацептиви можат да бидат ефикасен третман за овој тип на тумори.

  • 13. Железо-дефицитна анемија

Овие лекови можат да ја подобрат анемијата, бидејќи ги редуцираат обилните менструални крварења.

 

***Оралните контрацептиви не се вистинскиот избор за секого. За некои жени, несаканите ефекти на оралните контрацептиви можат да бидат полоши и од првичните симптоми. Постои контроверзност помеѓу здравствените работници за употребата на овие синтетски хормони за оние цели за кои постојат поприродни опции на третман.

Ако мислите дека оралните контрацептиви можеби се вистинскиот избор во третманот на Вашите репродуктивни здравствени проблеми, дискутирајте ја Вашата медицинска историја со Вашиот лекар. Не ги употребувајте лековите на своја рака.

Д-р Памела Илиоска
Д-р Памела Илиоска е родена на 13.11.1985 год. Основното и средното образование го завршува во Македонски Брод. Дипломира на Медицинскиот Факултет во Скопје во 2010 година со среден просек 9.97. За време на средното образование учествува во бројни проекти, дебатни кампови и натпреварувања во организација на Младинскиот Образовен форум, School Connectivity Project и E-School Project. Меѓу нив посебно се издвојуваат: учеството на Интернационалниот конгрес на Southeast Europe School Connectivity Project во организација на Catholic Relief Services и едномесечниот престој на Towson University, Балтимор, Мериленд (јули, 2003), како дел од SEEYLI (The South East Europe Youth Leadership Institute)/ програма на американскиот Стејт департмент во соработка со Институтот Отворено Општество и IDEA. За време на студиите учествува на неколку семинари и конгреси, меѓу кои е и освоеното 3-то место на 31-от Интернационален Медицински Научен Конгрес за усна презентација на темата " The onset and prognosis of the hepatorenal syndrome". Во јули-август 2009 година остварува едномесечен престој на одделот за кардиологија на Првиот Карлов Универзитет во Прага, Р.Чешка. Во јануари 2011 год., во Белград, учествува на тренинг модулот за " Scientific writing and publishing" во рамките на проектот Focus-Balkans. -Овој интернет портал е пријатно освежување за интернет страниците потпишани од македонски креатори, кој несомнено изгледа како светските сајтови за e-health или е-medicine. Убаво е чувството кога гледате млади колеги кои се залагаат за промоција на здравствената култура во Македонија, зашто една од основните работи во животот е да се биде добро и навремено информиран. Уметноста на живеењето е во секој од нас, a секојдневна потреба е да се има образование со широки погледи. Затоа, читајте доктори.мк и не заборавајте да примените некој од многуте корисни совети ! :)