тимот на Доктори.мк
Зорица Стоименова
Зорица Стоименова
нутриционист
 
 

Зорица Стоименова е родена 16.03.1986 во Кочани, каде го завршува основното и средното образование. Во 2009 година дипломирa на Универзитот ФОН во Скопје, насока применети европски јазици во бизнис. Во текот на студирањето покажува особен интерес кон алтернативната медицина и стажира во продавници и фирми за здрава храна ширум земјата.

Во текот на последните неколку години има учествувано на повеќе меѓународни и интернационални семинари, каде што се стекнува со практично знаење, но и со две дипломи од областа на нутриционизмот во Англија, и сертификат за позитивна психологија.

Има посетено и неколку пократки курсеви од областа на вежби и фитнес, како и исхрана за подобрување на атлетските способности и на истите се стекнува со неколку акредитирани сертификати. Моментално престојува во Швајцарија, каде го продолжува студирањето и во исто време е вклучена во  проект за истражување на здравата храна и нејзиното влијание врз човековото здравје во приватна здравствена институција во Швајцарија. 


За Доктори.мк
Доктори.мк е место каде ќе најдете исклучиво корисни информации, линкови, совети и новости од професионалниот тим на доктори и други експерти од областа на здравјето и медицината. Преку својот квалитетно и креативно изработен дизајн и со своите интересни содржини, овој сајт го покажува вистинскиот пат кон здравиот и позитивен живот на секој што се грижи за своето здравје и здравјето на своите сакани. Се заблагодарувам на прекрасниот тим на доктори.мк за можноста да го споделам своето знаење и долгогодишно истражување и искуство од областа на здравата исхрана. Живејте мудро и со одлично здравје :-)
Листа на статии од авторот: