тимот на Доктори.мк
Влатко Таневски
Влатко Таневски
Дипломиран радиолошки технолог, студент по фармација
 
 

Влатко Таневски е роден на 10.04.1990 година во Битола. Средно училиште завршува во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ со одличен успех. Своето високо образование во академската 2009/2010 год. го продолжува на Високата медицинска школа во Битола, отсек: радиолошки технолог. Академските студии ги завршува со висок просек (9,58), а во академската 2012/2013 год. се запишува на Фармацевтскиот факултет во Скопје, отсек: магистер по фармација.

Во текот на школувањето има учествувано на повеќе регионални натпревари и на државен натпревар по физика. Голема страст му е научно-истражувачката работа, а со свои научно-истражувачки трудови има учествувано и на Првиот конгрес за здравствени работници и студенти од медицинските струки што се одржа во Битола. Исто така, има освоено и трета награда на Конкурсот за најдобар есеј, кој беше организиран од страна на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“.

Поседува многу големи амбиции и одлични аналитички способности. Посебен предизвик му е биостатистиката – наука која ги спојува математиката и медицината.


За Доктори.мк

Овој сајт е храм со информации за човековото здравје. Секој човек може да пронајдe нешто за себе, а и претставува одлична можност за студентите од медицинските науки да научат нешто ново и да ги прошират своите знаења. Верувам дека овој сајт ќе биде водечки во поглед на информациите што ги нуди за човековото здравје.

Листа на статии од авторот: