тимот на Доктори.мк
д-р Виолета Мојсовска
д-р Виолета Мојсовска
доктор на медицина
 
 

Д-р Виолета Мојсовска е родена на 16.09.1987 година во Охрид, каде завршува основно и средно образование. Високо образование завршува на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” - Скопје, во 2012 година.

Професионално искуство:

- Член на ССММ (Сојуз на Студенти по Медицина на Македонија)

  • НЕО (Национален офицер за размена) во одделот за професионални меѓународни размени (2010 година);
  • Дел од организацискиот комитет на три меѓународни медицински конгреси во организација на Медицински факултет - Скопје (2007, 2009 и 2010 година);
  • Учество во организација на голем број хуманитарни акции и проекти.

- Во август 2009 година стажира еден месец на Универзитетската клиника за кардиологија во Асиут, Египет.

- Предавање во едукатвен центар „Волшебно сонце” - Битола, на тема „Запознавање на најмладите со градбата и функцијата на кардиоваскуларниот и респираторниот систем” (17.11.2012).

Моментален ангажман:

ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања - Охрид.


За Доктори.мк
Ми причинува осбена чест и задоволство што имам можност да бидам дел од ваков тим на ентузијасти и да дадам свој придонес во работата на Доктори.мк. Одличен портал кој овозможува достапност на најновите и најважните досигнувања од областа на медицината и здравјето. Место кое ги соединува сите медицински лица и создава поле за размена на информации, искуства и знаење.
Листа на статии од авторот: