тимот на Доктори.мк
Весна Рохр Анчева
Весна Рохр Анчева
специјалист по училишна психологија - FSP психолог
 
 

Весна Рохр Анчева е првиот специјалист по училишна психологија, со просек 9,66 на првите и единствени специјалистички студии во историјата на Институтот за психологија при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопјe. Специјалистичкиот труд „СТИМУЛИРАЊЕ НА НАДЕЖТА КАЈ УЧИЛИШНИ ДЕЦА СО ЕМОЦИОНАЛНИ ПРОБЛЕМИ“, предизвикува интерес заради новото видување на надежта, во кој докажува дека надежта се учи и може да се зголеми нејзиното ниво. Родена е во Струмица 1959 година, каде завршува основно образование, а гимназија завршува во Скопје, заради преселба на семејството.

Покрај двете дипломи од УКИМ, се едуцирала перманентно и се стекнала со повеќе сертификати, од кои поважни се:

 

  • Certificate - Systematic exam: the best instrument for preventive activities and following growing up and development of children – EducAid - UNICEF Project with Norwegian government support;
  • Certificate – Alternatives for violence, Faculty of philosophy, Institute of psychology, PAN-Macedonia, AVP-Macedonia;
  • Certificate – Regional qualification for efficacy program for treatment and minimizing the consequences of drug abuse in direction of prevention of HIV-AIDS – The Global Fund;
  • Participant - International classification of functioning ICF – EducAid;
  • Participant – Conference for the rights of children with intellectual disabilities in Rep. of Macedonia – Equal Rights-Equal opportunities;
  • Certificate – NGO „Safe childhood“ Early identification and prevention of child abuse in conditions of psychosocial stress – UNICEF;
  • Attestation – Expert exam for professor of psychology in high school education;
  • Certificate – Cognitive oriented transactional analysis – Educator J. Berger.

Учествува во многу проекти како едукатор, од кои најважни се:

  • Presenter (initiator and implementer): My life and myself, personal project made for Macedonian citizen in Switzerland – cycle of conferences and workshops for parents/adolescents, couples/families.
  • Educator in project : Modernization in education, Ministry for education and science, Government of Rep. of Macedonia, Internationale Bank for Reconstruction and Development and Government of Holland.
  • Educator in practice courses and exercises for students of Psychology, Defectology, Pedagogy, Social work and Social Political Science Institutes, organized between University “St. Cyril and Methodius”, Faculty of Philosophy and Institute of Mental health for children and youth for courses: Developmental psychology, Psychology for children and youth, Clinic psychology, Developmental psychopathology.

Многу често е гостин експерт во ТВ куќи во Македонија, но и самата работела како новинар и водител.

Најголемото богатство во работното искуство го стекнала како професор по психологија во гимназијата во Валандово и како психолог - специјалист во Заводот за ментално здравје на деца и млади - Младост, Скопје.

Најважни полиња на нејзиниот интерес се: функционално/дисфункционално семејство, емоционални проблеми кај децата после развод или загуба на близок, емоционална интелегенција, доволно добар родител, адолесцентот, насилство во семејството и училиште, алтернативи на насилство, надежта, стимулирање на надежта кај децата и младите итн.

Целокупната нејзина ориентација како психолог, професор, новинар, но и како едукатор, е свртена кон семејството, родителите и децата, односно целокупната проблематика поврзана со нив, каде дала огромен придонес во својата пракса.

Позната е по топлиот контакт кој умее да го воспостави со децата и младите, толку неопходен за трансферот во праксата и секогаш е баран и биран психолог. На нејзините предавања и семинарите кои ги држи, се случува огромна размена на знаење и многу позитивна енергија, a истите оставаат силен впечаток и постигање на целта. Неуморна, секогаш водена од надежта, љубовта и вербата во универзални морални вредности, кои сите заедно добиваат друга димензија после нејзината најголема лична загуба, несебично се дава и денес, помагајќи и покажувајќи еден модел на комплетна личност и висок професионалец. Но, укажува и на еден специфичен пат на надежта, преку личен модел.

Сега живее во Швајцарија, каде двете дипломи од Македонија и се признати на ниво Мастер.

Член е во врвните професионални асоцијации во Швајцарија AVP и FSP со што се стекнала со титула која гарантира квалитет - FSP PSIHOLOG - Federation Suisse des Psychologues.

Моментално го спроведува сопствениот едукативен ПРОЕКТ/СЕМИНАР „МОЈОТ ЖИВОТ И ЈАС“, предавања и работилници, соработувајќи со нашите иселеници, на кои им се посветува, знаејќи ги потешкотиите кои можат да се појават и во процесот на интеграција да добијат поинакви димензии.

Нејзиното лично, омилено мото, со најтопла и најснажна насмевка во исто време, за другите е: АКО МОЖАМ ЈАС, МОРА ДА МОЖЕШ И ТИ!

Една од најдлабоките мудрости ја наоѓа во пораката на К.Кастанеда: „ИЛИ СЕБЕ СИ ЌЕ СЕ НАПРАВИМЕ ОЧАЈНИ ИЛИ СЕБЕ СИ ЌЕ СЕ НАПРАВИМЕ СИЛНИ, ВЛОЖЕНИОТ ТРУД Е ЕДНАКОВ!“

Г-ѓа Весна Рохр, која специјализирала на НАДЕЖТА, секое предавање знае да го започне и заврши со нејзиното: „НА ШТО ЌЕ СЕ ПОТРОШИМЕ, ИЗБОРОТ Е СЕКОГАШ САМО НАШ!“

 

 

Погледнете ги ТВ гостувањата на г-ѓата Весна Рохр Анчева, каде таа зборува за „Родителите и децата“ и за „Надежта“:


За Доктори.мк
Чест ми е да бидам дел од ваков професионален тим, каде презентацијата на најновото и најважното ја добиваме на дланка. Животот се повеќе станува тема на стручни лица, едноставно - сé е усложнето... А овде, на оваа веб страница, ни се чини дека многу нешта можеме полесно да ги разбереме и проживееме. Умешното живеење е крајна цел и на психологијата, но секој член од тимот дава свој придонес, од свој домен, токму за поумешно и поуспешно живеење. Благодарна сум Ви за тоа, а и што умеете да привлечете внимание со еден софистициран дизајн, a интересни и најактуелни теми. Нека ги има што повеќе, на луѓето едноставно им требаат. Им треба веб страница како ДОКТОРИ.МК, каде како во најубавата ризница ќе можат да си најдат одговори за многу нешта во животот. Нека биде непресушен извор на знаења, вистини и вештини, за сите, со најсовремени технички пристапи, но со отворен ум, топло срце и подадена рака. Само така техниката има смисла и вредност. Нека пишаниот збор допре до секого, вистинит, силен, а топол...
Листа на статии од авторот: