тимот на Доктори.мк
д-р Томе Андонов
д-р Томе Андонов
доктор на медицина
 
 

Д-р Томе Андонов е роден на 27 март 1987, во Скопје. Основно и средно образование завршува во Гевгелија. 2005 година добива државна стипендија во Медицински Универзитет - Плевен, Р.Бугарија. Студиите ги завршува септември 2011, со што се стекнува со образовен степен - Магистер на медицина, професионална квалификација - Лекар. За време на студиите работи како демонстратор по Анатомија и завршува 2 факултативни курса: „Миниинвазивни манипулации во медицинската практика” и „Вовед во клиничка хомеопатија”.

Учествувал на меѓународни медицински конференции како ко-автор.

Д-р Андонов е наградуван од Академското раководство на Медицинскиот Универзитет - Плевен со плакета на Факултетот по медицина за постигнат одличен успех за време на студиите. Член е на Европското респираторно дружтво (European Respiratory Society) од март 2011, како и на Бугарскиот лекарски сојуз (БЛС) од јануари 2012, награден од претседателот на БЛС за одличен успех за време на студиите.

Области на интерес:

Кардиологија, Пулмологија и Алергологија.


За Доктори.мк
Doktori.mk е единствен од таков вид сајт во Македонија, и како таков покажа силен интерес, не само кај медицинските лица, но и кај пошироката јавност, а тоа никако не е случајно. Тоа е затоа што претставува ризница во која секој човек може на лесен, достапен и разбирлив начин да пронајде она што го интересира. Нека идејата за здрав и квалитетен живот пласирана преку doktori.mk се распространи уште повеќе, па секој човек да успее да стигне до крајната позитивна страна на спектарот на здравјето.
Листа на статии од авторот: