тимот на Доктори.мк
д-р Соња Ристеска Стојаноска
д-р Соња Ристеска Стојаноска
специјалист по ортодонција
Стоматолошка ординација “Дентал Арт” - Скопје
 
 

Д-р Соња Ристеска Стојаноска е родена на 11.09.1979 година во Прилеп. Средно образование завршила во МУЦ “Др. Панче Караѓозов”, отсек – забни техничари. Дипломирала на Стоматолошкиот факултет Скопје, при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” 2005 година, со што се стекнува со звање д-р по општа стоматологија. По завршувањето на факултетот отвoра стоматолошка ординација во Скопје “Дентал Арт” каде работи и денес. Специјализација од областа на ортодонцијата завршила во 2009 година при Стоматолошкиот факултет Скопје, со што се стекнала со звање специјалист по ортодонција.

Зад себе има 2 стручни престоја на клиниката за ортодонција при Универзитетската Клиника во Франкфурт, на одделот за ортодонција, каде што се стекнува со светски искуства од областа на ортодонцијата.

Автор е на многу научни теми и публикации.


За Доктори.мк
Ја поздравувам иницијативата и оригиналноста за изготвувањето на ваква веб страна. Сметам дека иднината е во заштедата на време, навремена и вистинска информација и затоа гледам голем успех на овај портал. Се надевам ќе биде од вистинска корист на сите читатели.
Листа на статии од авторот: