тимот на Доктори.мк
м-р Славица Митревска
м-р Славица Митревска
магистер по фармација
 
 

Славица Митревска е родена на 20.11.1988 во Скопје. Таа е амбициозна, посветена и трудољубива личност. Ужива во предизвиците, а се одликува со иницијативност, аналитичност и одлични комуникациски вештини.

Покажува голем интерес во изучувањето на странските јазици и има одлични познавања од англискиот, шпанскиот и италијанскиот јазик. Љубител е на пливањето и собирањето на лековити билки.

Образование:

  • 2003-2007, завршен 4-ти степен во СМУГС "Д-р Панче Караѓозов"; отсек: фармацевтски лабораториски техничар;
  • 2007-2012, студира на Фармацевтски Факултет (програма Магистер по Фармација) при универзитетот “Св.Кирил и Методиј" – Скопје;
  • мај 2012, го завршува факултетот и се здобива со титула Магистер по фармација.

Работно искуство:

  • Практична настава - изработка на фармацевтски препарати; испитување својства и идентификација на супстанции; испитување квалитет и можност за користење на прехранбени состојки; изучување на градба на лековити растенија, правење пресеци и нивно карактеризирање под микроскоп; работа со биохемиски материјали, нивно изолирање и испитување;
  • Феријална пракса: 06-07.2005 - фармацевтски помошник во "Градска аптека"-Драчево; 06-07.2006 - фармацевтски помошник во "Јака 80"-Драчево;
  • Волонтерска работа на проектната задача "Микроинкапсулирани системи како носачи на пробиотици и синбиотици – од оптимална формулација до терапевтска примена" при Институтот за фармацевтска технологија и Институтот за применета биохемија на Фармацевтски факултет - Скопје; одговорен наставник проф. Кристина Младеновска.

Сертификати и дипломи:

  • Диплома за завршен 4-ти степен во средно медицинско училиште “Д-р Панче Караѓозов" - Скопје;
  • Уверение за завршен курс по англиски јазик (9-ти степен во Работнички универзитет "Кочо Рацин"-Скопје);
  • Сертификат за успешно завршена обука за активно барање работа при кариерниот центар "Д-р Панче Караѓозов" - Скопје;
  • Сертификат за завршен прв степен курс по италијански јазик во училиште за странски јазици “FRIENDS”.
  • Диплома за магистер по фармација.

За Доктори.мк

За Doktori.mk можам да кажам само пофални зборови. Откако интернетот зеде голем замав во нашата земја, луѓето се се повеќе заинтересирани за информирање преку овој медиум и навистина е есенцијално постоењето на веб страни од овој тип за да се зголеми самосвеста на луѓето за своето здравје, како и да се научат многу интересни факти воопшто за животот. Браво за тимот, продолжете така!

Листа на статии од авторот: